Калас до Израел: Престанете со нападите врз пунктовите за помош во Газа или следуваат мерки

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас предупреди дека Брисел е подготвен да преземе „сите опции на располагање“ доколку Израел не го исполни договорот за безбедна дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа. По телефонски разговор со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, Калас порача дека убивањето цивили што чекаат помош е „неоправдано“ и мора да престане.

Според оценките од Брисел, договорените мерки за олеснување на конвоите се применуваат само делумно. Портпаролката на Европската служба за надворешни работи најави дека Калас секои две недели ќе информира за напредокот, а на неформалниот состанок крајот на август министрите ќе решаваат за следните чекори. Иако конкретен рок не е поставен, Унијата очекува „опипливи резултати“ на терен, а дипломатските канали остануваат отворени.

Зачлени се на нашиот е-билтен