Калас: Земјите од Западен Балкан да ги бранат своите демократии од надворешно мешање

Калас
Каја Калас принт скрин Н1

Колку повеќе напредува интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, толку повеќе земјите од регионот мора да бидат поврзани и да ги бранат своите демократии од хибридни напади и надворешно мешање, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас.

По состанокот на Советот за надворешни работи, Калас им изјави на новинарите дека на синоќешната неформална вечера, која ја организирала за министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и партнерите од Западен Балкан, разговарале за заедничките предизвици и можности за уште поблиска соработка во областа на безбедноста и надворешната политика.

„Синоќа се сретнавме со министрите од Западен Балкан и разговаравме за заедничките предизвици и начини за поблиска соработка по прашањата за безбедноста и надворешната политика. Колку повеќе напредува процесот на проширување, толку пообединети мора да бидеме и да ги браниме нашите демократии од хибридни напади и надворешно мешање“, рече шефицата на дипломатијата на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен