Македонија не ги исполни неопходните реформи, Украина и Молдавија официјално се во роаминг зоната на ЕУ

роаминг

Украина и Молдавија од денеска се официјално се приклучени во роаминг зоната на ЕУ.

Ова денеска го соопшти Директоратот за проширување и источно соседство на Европската Комисија.

Со вклучувањето во ЕУ зоната, граѓаните на Украина и Молдавија од сега можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да ги користат своите мобилни податоци од нивните локални телефонски броеви за комуникација со 27-те земји од ЕУ без дополнителни трошоци и обратно.

Во однос на Македонија ова значи дека нашата земја не ги исполнила неопходните реформите кои ќе и овозможеа од денеска да биде во можност за бесплатен роаминг со Европската Унија.

Укинувањето на роамингот со ЕУ беше најавено одамна. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, најави таква мерка за почетокот на 2026 година за време на состанокот со европската комесарка за проширување Марта Кос во август оваа година.

Во документот со предложените нацрт-заклучоци на Европскиот совет од 16 декември беше наведено дека Украина и Молдавија ќе бидат ослободени од роаминг трошоци од 1 јануари 2026, нагласувајќи дека земјите од Западен Балкан треба да го добијат истиот режим доколку ги исполнат узловите.

Зачлени се на нашиот е-билтен