Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Копенхашките критериуми најдобар начин за реформирање, да останат единствен услов за напредок кон ЕУ

Копенхашките критериуми се реално најдоброто средство за одбрана од популизмот на Западен Балкан и најдобар начин за трансформација на нашите општества, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој, денеска, на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Данска и поранешен премиер, Ларс Локе Расмусен, учествуваше на Конференцијата по повод 30-годишнината од Копенхашките критериуми.

– Копенхашките критериуми се главниот водич кој го имаме во преговорите за пристапување во ЕУ и за трансформацијата на нашите општества. Сметам дека токму Копенхашките критериуми ѝ помогнаа на мојата земја во тешкиот период на политички кризи, од 2014 до 2017 година, бидејќи токму тие критериуми беа вградени во нашиот системот и во нашиот Устав многу повеќе и посуштински од претходно, рече Маричиќ на панелот посветен на земјите кандидатки за членство во ЕУ, нивните предизвици за напредување на евроинтегративниот пат, соопшти СЕП.

Тој додаде дека во овој момент треба да се даде значење и да нè интересираат критериумите кои не се дел од оригиналната верзија на Копенхашките критериуми, споменувајќи ги капацитетот за апсорпција и важноста на геополитиката. При тоа потенцираше дека Западен Балкан не е дел од ЕУ сè уште бидејќи е опкружен од ЕУ земји и поради тоа што не излегува на Црното Море и не се граничи со Русија.

-Капацитетите за апсорпција, геостратешката важност и отворените прашања со соседните земји се чини дека се поважни од Копенхашките критериуми. Ова е нешто за кое мораме да бидеме искрени и отворени за следното проширување, порача Маричиќ пред високите поранешни и актуелни дански политичари.

На панелот на тема „Улогата на Копенхашките критериуми во реформските процеси на Западен Балкан“, на кој говорници беа и Тања Мишчевиќ, заменик министерката на Албанија, Меги Фино и Михаела Матуела, директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, панелистите се осврнаа на улогата на Копенхашките критериуми во водењето на ЕУ интеграциски процес од перспектива на земјите од Западен Балкан, со фокус на предизвиците во текот на процес на реализација на реформите, неопходни за исполнување на критериумите од Копенхаген, можностите за напредување и различните сценарија за тоа како најдобро и најбрзо да се стигне до членство во ЕУстои во соопштението од СЕП. 

Зачлени се на нашиот е-билтен