Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Западен Балкан е на историски чекор до членство во Европската унија. На самитот на лидерите на ЕУ и регионот во Скопје тој нагласи дека „владее општо позитивна атмосфера“ и дека сите обврски ќе бидат исполнети во договорените рокови со Европската комисија
Рама оцени дека регионот сега располага со јасна рамка, финансиски инструменти и силна политичка волја, додавајќи дека останува „само внатрешната мобилизација“ за целосно исполнување на реформите и финализирање на заедничкиот план за раст.