Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Богоев: Граѓаните се крајно незадоволни од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа ќе се рефлектира и на изборните резултати

По само шест месеци на чело на Царинската управа, директорот Стефан Богоев вели дека работите се видливо размрдани по сите основи.

„Ветивме дека Царинската управа постои за бескомпромисна борба за криминал и корупција и дека ќе бидеме партенери на стопанството и компаниите и сето тоа ќе значи поголем прилив во државната каса во Буџетот. И ми е драго да кажам дека имаме 46% раст на данокот на моторни возила овие 6 месеци во мојот мандат, виза ви истиот период минатата година. Имаме околу 8,5% раст на даноците царински, царините, наспроти истиот период лани. Имаме 3% раст на акцизите виза ви истите 6 месеци лани. Приходите растат по секој основ , не само што приходите растат туку расте и бројот на заплени. Имаме раст од 30% на заплените во мандатот како сум јас директор, наспроти 6 месеци истиот период минатата година“, вели Богоев во утринското гостување на „Слободен печат“.

Во ВМРО-ДПМНЕ треба да видат како се работи од градоначалниците на СДСМ

Тој посочи дека за само 6 месеци заплениле досега најголем број на лекови кои требало да завршат на нелегалниот пазар во земјава.

„И не само што имаме раст, мене ми е драго затоа што ние велиме, Царината е заштитник на општеството, на здравјето на граѓаните и тука имаме имаме запленето 66 000 парчиња ризични лекови во овие 6 месеци што е еден од најголемите бројки во историјата на Царинската управа, кои доколку влезат во промет се опасни за граѓаните.

Имаме и заплена на кеш пари. За 6 месеци околу 360 илјади евра. Заплена на пари кои директно може да одат во Народна Банка и Буџет, истакна Богоев.

„Јас го водам и аналитичкиот центар на СДСМ и многу добро ги знам анкетите и фокус групите. ВМРО-ДПМНЕ се фали со анкети јас еве ќе им препорачам да си ги видат анкетите за задоволството од нивната Градоначалничка на Скопје, од нивниот Градоначалник во Битола, од нивниот Градоначалник во Велес, Штип, Аеродром. Не мора да одам подалеку, нека си ги видат рејтинзите и мислењето во овие 5 општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ или станале Градоначалник со нивна поддршка како Данела Арсовска. Штом толку сакаат анкети, еве им ги овие 5 општини, да си ги видат рејтинзите. Граѓаните по анкетите и анализите кои ние ги правиме се крајно незадоволни од Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и разочарани и тоа ќе се рефлектира на изборите. Јас ви гарантирам и ве убедувам онаму каде ВМРО-ДПМНЕ е најслаб со градоначалници и со нивно делување, а тоа се мнозинството на општини, тоа ќе се рефлектира и во изборните резултати“, смета потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во утринското гостување на „Слободен печат“.

Вели дека со незадоволството на граѓаните треба да се соочи ВМРО-ДПМНЕ и треба да видат како се работи од градоначалниците на СДСМ.

„Јас го гледам Градоначалникот на Крива Паланка, човекот направи прекрасна новогодишна приказна од градот, направи два нови мостови, го гледам Центар, Горан како функционира и сум среќен што сум влијаел кај мои пријатели да го гласаат, го гледам Перо во Валандово, Коста во Струмица како ги развиваат своите градови и своите општини и можат да им служат како пример“, рече Богоев.

Касами ќе го руши крстот на Шара, а ВМРО-ДПМНЕ чиј човек е секретар и втор човек во општина Тетово ќе го брани

„Политичарите од условно кажано етничките албански партии кога се во коалиција со СДСМ делуваат за мултиетничност и соживот, кога се во коалција со ВМРО-ДПМНЕ ги разгоруваат повторно меѓуетничките страсти. Повторно го гледате истото танго кое го имаше во времето на режимот 11 години. Повторно сега Мицкоски со Касами едниов ќе го штити крстот на Шара, другиов со општината ќе го рушел. И внимавајте каков парадокс. Билал Касами стана градоначалник и на мнозинство во Советот во Тетово, благодарение на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Секретар на општина Тетово, тоа е втор човек на Општината е истурен активист на ВМРО-ДПМНЕ. Истата таа општина каде од ВМРО-ДПМНЕ е секретар вели ќе го рушам крстот и истото тоа ВМРО-ДПМНЕ вели немој да го рушите крстот и се противи на нивниот партер,“ Гледате дека тое сега измислуваат начини повторно да ги разгорат меѓуетничките страсти. Верувам дека во 2024 граѓаните ова ќе го препознаат и нема да го дозволат“, рече потпретседателот на СДСМ.

Богоев смета дека од страна на опозицијата за претстојниот предизборем период ќе има „прљава“ кампања.

„Ние секогаш сме имале пристојни кампањи и на власт и кога сме биле во опозиција. Гледате дека изборните циклуси организирани во мандат на СДСМ поминуваат без проблеми и во фер и демократска атмсфера. Така очекувам да биде и кампањата водена од СДСМ и коалицијата. Но од друга страна ВМРО-ДПМНЕ, Левица , албанската опозиција очекувам да водат прљава и непријатна кампања. Го гледам тоа по случувањата во Тетово, повторно иста матрица, иста режимска. Се надевам дека грешам, но не очекувам од нивна страна чиста кампања“, рече Богоев.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново