Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јовановиќ: „Киненова“ е еден од 15 до 20 фестивали за дебитанти во светот кој се издвои во регионални рамки

„Фестивалот ‘Киненова’ се издвои во регионални рамки, бидејќи во континуитет ја реализираме таа мисија на промовирање и афирмирање на новите филмски автори. Тоа беше препознаено и им значи на новите автори“, рече директорот на фестивалот „Киненова“, режисерот Небојша Јовановиќ, во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека за учество во главната програма услов е филмот да биде прв, втор или трет филм на авторот, иако во светски рамки на ваквите фестивали веќе започнуваат да се прифаќаат и четвртите дела на авторите.

„Има 15 до 20 вакви фестивали во светот. Еден од нив, најголемиот, е во Ротердам, еден од најголемите регионални е во Солун, има во Бусан, Линц…“ рече Јовановиќ.

Директорот објасни дека фестивалот се финансира од повеќе извори на финансирање, вклучително и државата, Општина Центар, амбасади и спонзорства, но како што рече, без поддршката од ЕУ фестивалот веројатно немало да преживее.

„Лично сметам дека има потенцијали во земјава и не се искористени. Знаеме доста реактивно да се однесуваме, но треба да погледнеме повеќе на тоа што го правиме и тоа што можеме да го направиме“, рече Јовановиќ.

Тој додаде дека секогаш постои оптимизам и треба да се искористат сите начини да се унапредат состојбите и да се продолжи понатаму.

„Сметам дека македонското општество треба да понесе одговорност, а не постојано да бараме кој што направил. Треба да застенеме и да видиме што сакаме“, рече Јовановиќ.

Режисерот исткна дека секој треба да даде свој придонес и да направи одреден општествен притисок, да изнесе одредени барање.

„Не треба да се чека корупцијата некој таму да ја расчисти. Сите треба да имаме проактивна улога, бидејќи учествуваме во сите тие процеси“, рече Јовановиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен