Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Калеска-Ванчева: Дијалогот во Собранието не подразбира блокади

Имавме многу обиди во овој мандат во Собранието низ дијалог да дојдеме со решенија кои ќе бидат добри за граѓаните, но дијалог не подразбира блокада на работата, а тоа е она што Левица го прави, вели Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ, во интевју за Слободен печат.

Во интервјуто таа се осврна на работата на пратениците од овој мандат кои во изминатите четири години работат во доста невообичаени околности, почнувајќи од пандемијата, вонредните мерки и секако економската и енергетска криза кои следуваа потоа.

-Дијалогот на подразбира блокада, а тоа го прави Левицата, конкретно со носењето за Деловникот за работа за кој имаме консензус да го донесеме. Не е пријатен ниту вокабуларот кој се користи во Собранието. Не е пријатно и вознемирувачки е да се гледа како се крши опремата, но ние одбиваме да се плашиме од сето тоа, вели Калеска-Ванчева.

Зачлени се на нашиот е-билтен