Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Македонците ќе паметат дека СДСМ на континуитетот на АСНОМ ги заштити македонскиот јазик и идентитет

Во интервју за Рацин.мк, Бојан Маричиќ вели: Силен стабилен СДСМ може да спречи старо-нов режим и тоа е нашиот приоритет; Подобра позиција во односите со Бугарија не сме имале од независноста до сега; Национализмот е инструмент на слабите политички опции; „ЗНАМ“ е клон на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Бојан Маричиќ разговараше Зоран Бојаровски

Поминаа четири дена од првиот изборен круг на претседателските избори. Како денеска гледате на резултатите? Какви се поуките? Дали врвот на СДСМ разговараше за тоа и кои се препораките од тие разговори?

Маричиќ: СДСМ добро ги разбра граѓаните. Испратена ни е многу сериозна порака и ние ја прифаќаме и разбираме еднакво сериозно. И во минатото имало слични предизвици за СДСМ, но партијата како високо организирана, масивна и демократска организација секогаш успеваше да остане во директен контакт со граѓаните, да покрева нова инспирација и нова енергија од базата и од теренот и да се исправи во заштита на интересите на државата и на граѓаните.

Така постапивме и сега. Консолидацијата е започната. Тоа го црпиме од нашата државничка, општествена, политичка и  граѓанска обврска која нѐ упатува на тоа дека мораме да продолжиме да се бориме.

Продолжуваме на терен, ќе допреме до секој човек демократ, ќе се бориме за секој глас и ќе им оддадеме почит и признание на граѓаните за укажувањата. Така стануваме подобри.

Но, во исто време, добро знаеме, а добро знаат и сите граѓани со каков ризик се соочува Македонија. Граѓаните знаат дека е ризично една политичка опција, особено со авторитарно минато, да добие многу голема политичка моќ и затоа СДСМ нема да се откаже, напротив ќе се исправи и ќе биде бедем за демократијата, на слободата, на солидарноста, за социјалната правда, за рамномерниот економски раст.

Граѓаните знаат дека е ризично една политичка опција, особено со авторитарно минато, да добие многу голема политичка моќ и затоа СДСМ нема да се откаже, напротив ќе се исправи и ќе биде бедем за демократијата, на слободата, на солидарноста, за социјалната правда, за рамномерниот економски раст.

Само стабилен СДСМ може да спречи старо-нов режим и тоа е нашиот приоритет и во партијата внатре и наша цел на изборите на 8 мај.

Затоа, ќе ги фокусираме сите сили на граѓаните да им кажеме јасно и гласно дека СДСМ е политичката сила која може да ја продолжи приказната за европска Македонија, приказната дека сме на вистинскиот пат.

Тоа беше и еден од неколкуте централни наративи на вашата кампања. „Нема откажување од членството во ЕУ“. Колку е навистина реална заканата по нашите евроинтеграции доколку ВМРО-ДПМНЕ добие мандат да ја состави новата Влада?

Кога велам дека нема откажување, мислам на тоа дека нема откажување од нашата борба без разлика дали ќе ја водиме од позиција на власт или од опозиција.

Нема да дозволиме да пропадне продолжувањето на преговорите или да се оддолжи долго и да се изгуби темпото на пристапување што го започна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е без план на оваа тема. Не е добро за државата ако започнатите преговори се вратат назад во политичките институции на Бугарија, кои, како што стојат работите, уште долго ќе бидат во неизвесност заради нивните внатрешни политички турбуленции.

Нема да дозволиме да се отвора простор за дискусија за нашата европска иднина и да се собираат поени на македонското прашање кога имаме чиста ситуација за нашиот македонски јазик, за македонскиот идентитет, сега јасно и на писмено потврден со преговарачката рамка. Ние подобра позиција во односите со Бугарија не сме имале од независноста до сега, со таа разлика што сега нашата позиција ја потврдува и цела ЕУ. Таа работа е завршена. Ќе им се спротивставиме на сите структури кои не ѝ мислат добро на нашата држава, ниту на регионот и се со тенденција да нѐ фрлат во изолација и без перспектива.

Ние подобра позиција во односите со Бугарија не сме имале од независноста до сега, со таа разлика што сега нашата позиција ја потврдува и цела ЕУ. Таа работа е завршена. Ќе им се спротивставиме на сите структури кои не ѝ мислат добро на нашата држава, ниту на регионот и се со тенденција да нѐ фрлат во изолација и без перспектива.

Важно е да ја задржиме државата на европскиот пат. Да продолжиме да ја развиваме како економски силна, како социјална држава. Како демократија сигурна и поврзана со сите демократски држави во Европа.

Ние може и помалку да ја спомнуваме ЕУ, но тоа нема да го промени фактот дека само ЕУ и Западот инвестираат во Македонија, никој друг. Може и да повторуваме повеќе пати дека имаше моменти кога ЕУ не беше докрај праведна со нас, но тоа нема да го промени фактот дека сега имаме отворена врата, План за раст од 6 милијарди евра за Западен Балкан, конкретни продобивки, фондови, патокази и помош за реформи. За ваквата помош не нѝ се бара ништо, освен да останеме посветени на европските реформи. А, добро знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се занимава со европските реформи. Исто како што добро знаеме дека народот наш ниту се откажал, ниту ќе се откаже од ЕУ. Затоа што, колку и да има граѓани кај нас кои се неутрални по однос на геостратешките определби, сепак сите знаат дека Русија и Истокот не инвестираат во Македонија, не нудат ништо за регионов, ниту пак предложиле некаков план за поддршка.

Иако нашиот пат до ЕУ беше трновит, не треба да размислуваме за одлагања или за алтернативи. Седнавме на преговарачката маса со ЕУ кадешто ќе можеме да ги кажеме нашите ставови и да влијаеме. Нема да се откажеме од уставните измени кои ќе ни обезбедат континуитетот на преговорите.

Дали СДСМ погреши кога одлучи да инсистира на европската агенда, на реторика која водеше сметка за опипливите придобивки за граѓаните од евроинтеграциите, од економијата, од социјалните реформи…, а не на темите кои главно имаат емотивен набој?

Национализмот е силна страна на политичкита опции на кои им недостасуваат прогресивни, современи идеи, односно на оние кои сакаат да манипулираат наместо да носат развој. СДСМ нема да посега по наративи и реторика косат со прогресивните, космополитски и автентично демократски партии.

Ние сме сосема свесни дека немаме шанса да опстанеме како општество и држава доколку национализмот победи и доминира и на тоа силно и со аргументи, разум и тактики ќе се спротивставуваме секогаш.

Знаете, има легитимни десничарски опции кои не подразбираат национализам. Ние имаме низ Европа многу сериозни и легитимни демократски десничарски партии кои имаат своја идеологија, која ја промовираат и ја унапредуваат во општествата без национализам.

Но и овие избори кај нас покажаа дека ние немаме таков десен десен центар. Ние имаме радикална десница, како ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои профитираат на страв од другиот.

Затоа, на пример, кога нема план за ЕУ, го повикува национализмот за да го оправда тоа и да ја префрли вината на другиот, во овој случај на ЕУ. Затоа велам, национализмот е инструмент на слабите политички опции, кои немаат што да понудат и кои се кријат зад националистичката идеја, бидејќи немаат ниту сила, ниту храброст, да им одговорат на сопствените гласачи како ќе ги решат проблемите, како ќе ја решат нашата пречка кон европската унија која денес може многу едноставно да ја завршиме.

Затоа велам, национализмот е инструмент на слабите политички опции, кои немаат што да понудат и кои се кријат зад националистичката идеја, бидејќи немаат ниту сила, ниту храброст, да им одговорат на сопствените гласачи како ќе ги решат проблемите, како ќе ја решат нашата пречка кон европската унија која денес може многу едноставно да ја завршиме.

Во борбата за власт, ВМРО-ДПМНЕ заборава дека национализмот може да стане најголем непријател на нашата стратешка определба за членство во Европска Унија. Тука немам никакви дилеми, затоа што национализмот секогаш нè дефокусира и од реформите, и од бројните обврски кои произлегуваат од преговорите со ЕУ, и од реформирање на нашиот економски пазар, и од отворање на пазарот за многу можности кои до сега ги немало, и од користење на европски фондови кои досега не сме имале можност да ги користиме, и од сè она што живот значи за секој наш граѓанин. Тука мислам и на безбедноста и стабилноста секако.

Дали прогресивната идеја која е во суштината на социјал-демократската идеологија сѐ уште ја има силата да биде врзивно ткиво, базата на која се гради СДСМ? Дали СДСМ ќе успее да остане базата?

Јас немам никакви дилеми околу ова прашање, кое всушност и воопшто не е прашање за СДСМ. Како и сега, исправени пред предизвикот на изборите, така и понатаму СДСМ останува гордо во заштита и одбрана на демократијата и вредностите на социјалдемократијата. Тоа е уникатноста и вредноста на СДСМ, особено во вакви тешки моменти за државата. Во Македонија не постои друго толку силно политичко јадро, освен СДСМ, кое има и платформа, и сила и порив да ги брани прогресивните вредности на начин на кој тоа го прави СДСМ.

Имаме одговорност и заради нашето минато и особено заради нашата иднина. И во време на предизвици покажавме дека знаеме да менаџираме и да носиме мудри политички одлуки, од национален интерес и за подобра иднина на сите.

СДСМ одговорно во континуитет придонесувал и придонесува Северна Македонија да биде подобра. Низ годините дадовме патоказ и направивме вистински избор за насоката во која ќе се развива државата, обезбедивме стабилност и безбедност со членството во НАТО, а низ реформската агенда ја приближуваме земјата кон ЕУ и европските стандарди и вредности.

СДСМ и членовите добро знаат и постојано се повикуваат на тоа дека идеолошката основа на партијата влече континуитет од АСНОМ како темел на државноста. Додека нашите претходници од народно-ослободителната борба се кренаа против фашизмот и ја востановина македонската државност, тогашното ВМРО беше на другата страна.

СДСМ и членовите добро знаат и постојано се повикуваат на тоа дека идеолошката основа на партијата влече континуитет од АСНОМ како темел на државноста. Додека нашите претходници од народно-ослободителната борба се кренаа против фашизмот и ја востановина македонската државност, тогашното ВМРО беше на другата страна.

Социјал-демократската идеја отсекогаш била обеднувачки фактор и за партијата, и, особено за граѓаните и за државата, и таква и ќе остане.  

Во националистичка реторика влезе и ДУИ. Од една страна тоа може да се оцени и како одговор партиите од опозицијата на Албанците и на наративот на ВМРО-ДПМНЕ, но од друга страна делува контрадикторно во однос на партнерството на СДСМ со оваа партија во владината коалиција во заминување во која на национализмот не му беше дадено можност да се појави. Може ли тоа да се смета само како предизборна реторика? Каква ќе биде соработката со оваа партија понатаму?

Без да се осврнувам на било какво коалицирање во иднина можам да кажам каква позиција ќе заземе и на што ќе инсистира СДСМ. Ние остануваме широка платформа за достоинствено претставување на македонскиот и на сите други народи во институциите на државата, во Собранието и во застапувањето на политиките на извршната власт. Платформа која ќе води грижа и ќе ги почитува сите граѓани без разлика на било каква нивна определба, етничка, родова, социјална, било која. СДСМ останува платфрома преку која ќе го оствариме стремежот на мнозинството граѓани кои својата иднина ја гледаат како граѓани на ЕУ.

На таа платформа може да ѝ се придружат политички структури кои споделуваат исти или комплементарни вредности и тоа здржување, ако треба да биде формално, може да се направи врз основа на заеднички договор за оставрување на целите на таа заедничка платформа.

Изборите ги гледам и како можност за еден нов почеток. Навистина нов почеток којшто сигурно ќе подразбира и кадровски промени, со цел зајакнување на редовите пред налетот на идниот предизвик. Тое не е ништо невообичаено. Ако не продолжи коалицирањето со ДУИ, тоа сигурно ќе го видиме и искористиме како можност да се ослободиме од нивните грешки кои често ни се препишуваа и нам. Верувам дека ДУИ ќе најде начин да го чуе гласот и на Албанците и на Македонците и на сите други граѓани и дека ќе се обиде да ги подобри сопствените политики.

Потребата од тоа „прочистување“ се однесува и на СДСМ, но и на ДУИ и на другите партнери во досегашната коалиција. Ние не можеме да одиме понатаму ако не го направиме тоа затоа што тоа, меѓу другото, е и во пораката на граѓаните со исходот од првиот круг на претседателските избори.

Ако нашата агенда, нашата платфрома е за европска Македонија и ако за неа се здружуваме за да имаме широк општествен легитимитет, тогаш мора да ги уважиме уважувањата на сите граѓани. Европскиот фронт не е европски ако е во исто време се однесува националистички.

Ако нашата агенда, нашата платфрома е за европска Македонија и ако за неа се здружуваме за да имаме широк општествен легитимитет, тогаш мора да ги уважиме уважувањата на сите граѓани. Европскиот фронт не е европски ако е во исто време се однесува националистички.

Почитувањето на рамноправноста на сите етнички заедници во државата е концептот којшто секогаш бил победнички. Затоа сум убеден дека ако сакаме да градиме заеднички европски блок на партии ќе мора да се посветиме на реформите и на корегирање на сосптвените грешки

Кога зборуваме на темата идеологија, како гледате на партијата ЗНАМ која се „откина“ од СДСМ? Има ли нешто од социјал-демократската идеологија во оваа партија?

Ќе бидам директен: Таа групација ја злоупотреби социјал-демократската идеја, користејќи моментум на акумулирано незадоволство кај граѓаните и јавајќи на бранот на популизмот. Се противам на заговорите дека за Македонија може да биде добра опција која во исто време се декларира за лева, а на терен дејствува десно. Тоа е апсолутно спротивно на автентичната соција-демократска и социјалистичка идеја. Само еднаш во историјата социјализмот и национализмот се споиле и така настана национал-социјалистичката партија во Германија која на светот му ја донесе една од најголемите хуманитарна катастрофа, фашизмот и Втората светска војна.  

Само еднаш во историјата социјализмот и национализмот се споиле и така настана национал-социјалистичката партија во Германија која на светот му ја донесе една од најголемите хуманитарна катастрофа, фашизмот и Втората светска војна.  

Национализмот, заедно со дезинформативната пропаганда со говор на омраза, се најтешките болести на демократијата.

ЗНАМ се создаде на бранот на личните амбиции на нивниот лидер и само се дооформи со дел од некои од поранешните членови на СДСМ.

Зад тој параван, основата на нивното дејствување е популизмот кој многу често кокетира и со  национализмот, односно квазипатриотизмот, само и само за да се се возат на бранот на бучавата на десничарските наративи полни со дезинформации.

Се надоврзаа и само им дадоа дополнителна гласност на пораките на ВМРО-ДПМНЕ. И „ЗНАМ“ се против уставните измени, и тие се против договорите со Бугарија и Грција, и тие се против преговарачката рамка. Исти како и на ВМРО-ДПМНЕ. „ЗНАМ“ треба да знае, а не да биде клон, имитатор на ВМРО-ДПМНЕ. 

И „ЗНАМ“ се против уставните измени, и тие се против договорите со Бугарија и Грција, и тие се против преговарачката рамка. Исти како и на ВМРО-ДПМНЕ. „ЗНАМ“ треба да знае, а не да биде клон, имитатор на ВМРО-ДПМНЕ. 

Очигледно не се чувствуваа добро во рамките во кои е определена прогресивната социјалдемоктратија, а кога немаш сопствена идеологија којашто треба да те движи, најлесно е да напаѓаш. Но, јасно е дека целта на нападите врз СДСМ што дојдоа од таа партија беше да се замени безидејноста на тие политички опции, да се надополни со национализам.Kонтакт

Сакам да им упатам порака на сите социјалдемократи, и сегашни и поранешни, глас за „ЗНАМ“ и за Максим Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ. Да немаат дилема околу тоа прашање.

Сакам да укажам на уште нешто што е важно. Се очекуваше дека лидерот на таа партија, како човек кој доаѓа од Куманово, општина која на најдобар можен начин, благодарение на СДСМ, стана препознатлива како општина која што максимално ги почитува сите заедници што живеат таму. Знаете дека тоа е општината во којашто службени се дури четири јазици.

И сега, градоначалникот на таа општина со својата реторика ја стави под прашање еднаквоста на граѓаните и се приклони кон наративот којшто го препознававме само кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица и кај дел од партиите на Албанците, само за да се добијат гласови за време на изборите.

Наместо да го брани мултикултурниот концептот на државата, како што му доликува на некој со социјал-демократски бекграунд, Максим Димитриевски се приклони кон празните концепти на национализмот, кои не нудат ништо друго, освен кавга, конфликт.

Остануваат уште десеттина дена до вториот круг претседателски и парламентарните избори. Каква е ваша порака до членството на СДСМ?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува водечката демократска политичка сила, со посебна одговорност кон граѓаните и кон развојот и напредокот на Северна Македонија.

Низа годините наназад секогаш и одлучно, наспроти сите опструкции и препреки, гледавме само напред и ја движевме државата кон подобра иднина.

Остануваме на тој пат и понатаму кон европската иднина. Храбро и со одговорни одлуки, достојни на државничкиот повик, во дослух со граѓаните, да чекориме кон економска сигурност и подобар животен стандард. Да бидеме лидери и градители на општество на солидарност со грижа за секого. Така го личи СДСМ.

Неколку дена сме соочени со изборниот резултат од првиот круг и веќе сме назад на терен, исправени покажуваме дека сме силна партија која што ќе остане силна, ќе продолжи и ќе се развива како столб на демократијата и слободата.

Историјата запиша, а Македонците ќе паметат: СДСМ го заштити македонскиот јазик, култура и идентитет. И како што го обезбедивме членството во НАТО, нашата цел останува најдоцна до 2030 години ќе станеме дел и од европското семејство на држави.

СДСМ никогаш не се откажа и така ќе продолжиме. Нема откажување од европската иднина.

Историјата запиша, а Македонците ќе паметат: СДСМ го заштити македонскиот јазик, култура и идентитет. И како што го обезбедивме членството во НАТО, нашата цел останува најдоцна до 2030 години ќе станеме дел и од европското семејство на држави. СДСМ никогаш не се откажа и така ќе продолжиме. Нема откажување од европската иднина.

На 8 мај ќе ја покажеме силата на СДСМ. Ќе покажеме дека сме посилни од тоа што го видовме како резултат од првиот круг на претседателските избори.

Треба да знаете
Moже да ве интересира