Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меџити: Нема отворање на Уставот само за грбот, химната и за албанскиот јазик, во пакетот треба да ги има и Бугарите

Во ова издание на серијалот интервјуа „Имаме неколку прашања за вас“ разговараме со првиот вице премиер во Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

За него се вели дека е највлијателната личност во коалицијата Влен, а како вицепремиер и во Владата.

Во интерјуто за Рацин.мк Меџити вели дека како коалиција Влен, нема да инсистираат да има уставни измени само за државните симболи, грбот и химната, и за замена на терминот 20% со „албански јазик“.

Тој инсистира на тоа дека сега засега нема политички договор за промена на државните симболи и дека се водат прелиминарни разговори.

Во овој разговор со Меџити, тој вели дека за него ДУИ е завршена приказна, дека гласачите на бараат Влен да биде една партија и дека тој нее оптоварен од амбицијата за лидерска позиција во таа нова партија.

Во интервјуто од серијалот „Имаме неколку прашања за вас“, Меџити одговара и на прашања за животната средина и за борбата на Владата против корупцијата.

Со првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити разговараше Зоран Бојаровски

Ви благодарам уште еднаш за можноста да го направиме ова интервју со вас. Тоа е дел од еден серијал кој го нарекуваме „Имаме неколку прашања за вас“ и сакам да ви кажам дека кога им кажав на колегите дека добивме термин за интервју со вас тие ми рекоа „ти имаш интервју со еден од повлијателните луѓе, можеби највлијателниот во актуелната извршна власт“. Како го коментирате тоа?

Меџити: Ќе ги оставам тие проценки на луѓето. Задоволство ми е и за просторот и за разговорот што ќе го направиме.

Јас замислив да го почнеме разговорот со неколку прашања кои се однесуваат на актуелна тема овие денови, а тоа се разговорите или процесите кои веќе се отпочнати, вие ќе кажете за тоа или ќе потврвдите, за промени на државните симболи, на грбот и на химната. Според вашите медиумски настапи вие сте еден од поактивните вклучени во тој процес и дека речиси секој ваш медиумски настап донесува некоја нова вест во врска со ова. Доколку сето ова е во тек, доколку се разговара за овие прашања на ниво на Влада, меѓу коалиционите партнери, дали во покетот за овие промени за кои треба да се отвори Уставот се разговара и за внесување на Бугарите во Уставот и со тоа да се затвори ова прашање? Или, ако не е тоа така, дали отворање на пакет само за промена на државните симболи и за измена на терминот „20%“ со „албански јазик“ ќе биде прифатливо за вас без да се вклучат Бугарите во уставот?   

Меџити: Во овој момент приоритет ни е владината програма за којашто имаме политички договор со ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и сите други партии коишто се вклучени во оваа владина коалиција која не е мала. Станува збор за коалиција која што има поддршка од најмалку 78 пратеници, речиси две третини од бројот на пратеници во Собранието. Таа програма има неколку столбови на кои сме фокусирани и посвтени, како што е економскиот развој, враќање на правната држава, борба против корупција, животниот стандар, децентрализација, интеграциите…

Тоа се столбовите за коишто имаме догоговор на кој работиме и на којшто сме посветени. За другото нема политички договор. Го слушав премиерот, тој збореше за нешто што е јавна тајна дека Груевски и Ахмети на времето имаа писмен договор за грбот на државата и во принцип немаме табу теми. Ние како владини партнери разговараме за сѐ што е во интерес на државата,  за сѐ што е во интерес на граѓаните, но фокусот ни е на владината програма. За ова разговараме, но немаме политички договор.

Како прво, се работи за нешто што е наследено од минатото и сите го знаат тоа. Второ, ако дојдеме до тоа, за што досега има разговори, нема преговори, нема политички договор, тогаш ќе треба некои работи во пакет да ги разговараме и преговараме. Ако се работи за грбот дека потекнува од времето на комунизмот и химната потекнува од тогаш, лебди и прашањето за албанскиот јазик. Сите знаат дека се над 20% граѓаните што го зборуваат албанскиот јазик и мислам дека треба и поголемата заедница, односно Македонците да работат на ова да не се чувствуваат Албанците понижени и да се идентификуваат со бројка за нивниот јазик, туку да стои во Уставот дека се работи за албанскиот јазик на републичко ниво, како што на локално ниво може да се работи за турскиот, српскиот и другите јазици. Мислам дека од тоа никој ништо не губи. Но за тоа потоа. Ако се отворат треба да се отворат во пакет, но политички договор имаме за другите работи, за владината програма на што сме посветени.

Нема отворање на Уставот само за грбот, химната и албанскиот јазик без Бугарите во пакетот

Но, ако се отворат и ако зборуваме за пакет, за кој ќе се разговара, ќе се обидувате да постигнете политички договор, дали во тој пакет ќе влезат и уставните измени за внесување на Бугарите?

Во принцип, за внесување на Бугарите нема никој ништо против. Ниту нашите владини партнери, ниту некој надвор, ниту опозицијата. Дилемата е само дали тоа ќе биде последно барање. И тука ние нашите сограѓани Македонците сакаме да ги помогнеме, бидејќи се работи за нивниот идентитет, за нивната историја, но не треба да заборавиме дека интеграцијата во ЕУ е единствената алтернатива за сите граѓани во државата.

Затоа ние, како втора заедница, како претставници на Албанците знаеме какво е чувството кога се работи за идентитетот и сакаме во овој процес да бидеме олеснувачи, помагачи, како да дојдеме до најдобро решение што побрзо бидејќи тоа е во интерес на државата, во интерес на сите граѓани.

Сакав да кажам дека за внесувањето на Бугарите се бара гаранција од бугарската страна дека нема да има дополнителни условувања за да може да се деблокира евроинтегративниот процес, но од таму велат дека за да се случи тоа треба прво да се внесе бугарската заедница во уставот. Сега, за да го затвориме ова прашање, ќе се вратам пак на почетокот, дали во таков случај, ако не се постигне договор за внесување на Бугарите во Уставот заради овие гаранции, дали за вас е прифатливо да се отвори Уставот само со прашањата за „20%“ и за државните симболи грбот и химната?  

Приоритет се столбовите на владината програма и приоритет над приоритетите се евроинтеграциите. Ако сакаме да ги разговараме, неи не бегаме, нема табу теми, ќе седнеме да маса како за внатрешните теми, така и за Бугарија, којашто ние е сосед, член на ЕУ, партнер во НАТО. Ние цениме дека тие треба да ни помагаат во тие процеси и ние како претставници на Албанците ќе гледаме да влеземе во ова со позитивна енергија, да го помагаме процесот. Дали со соработка меѓу општините, со збратимување, со состаноци на министерско ниво во екологија, здравство… Да го одржуваме дијалогот со позитивна енергија зашто на крајот на маса со дијалог треба да ги решиме работите. Да не се одалечиме. Затое на ова сме посветени заедно со нашите стратешки партнери САД, со новото раководство таму, со ЕУ. Сѐ во смисла да не бегаме од дијалогот, зашто пак на крај со дијалог треба да ги решиме. 

Ако можам да заклучам и да го затвориме ова, тоа значи дека за вас нема да биде прифатливо, нема да инсистирате на тоа да има уставни измени само за државните симболи и за замена на терминот 20% со „албански јазик“ во уставот?

Не, не, не инсистираме…

Бојаровски: Не инсистирате?

Не инсистираме, имаме други приоритети.

Ќе си течат преговорите, ќе се обидувате да постигнете некаков договот за државните симболи. Самите спомнавте дека имаше претходно договор, во 2014 година, меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за да се влезе во процес на промена на државните симболи и тогаш беше кажано дека за ДУИ е прифатливо решение за грбот со црвен лав на златен штит со круна како тврдина која алудира на скопското Кале. Тогаш коментарите беа дека лавот е прифатлив и за Албанците бидејќи во сиболиката и хералдиката во Албанија. Беше посочуван примерот дека грбот на Тирана кој го има лавот како симбол. Дали такво решение е прифатливо за вас?

Меџити: Можам да зборувам за работи за коишто имаме политички договор. За владината програма. Ова другото е на ниво на разговори, не се ниту преговори. Кога ќе навлеземе во ова и кога ќе имаме политички договор ќе ја информираме јавноста. Сѐ друго е прејудицирање на работите, да не избрзаме или да кажам нешто за што не сме се договориле.

Ако влеземе во такви историски симболики, лавот, орелот… ги има секаде. И орелот го има во повеќе држави, и лавот. Што и да кажам повеќе од ова што кажав не држи бидејќи е само на ниво на разговори. Нема ништо договорено. Ние сме договорени да ги разговараме овие прашања и да ги најдене решенијата коишто ќе бидат прифатливи за сите заедници, за сите граѓани на дршавата. Да биде инклузивно, сите да ги чувствуваат.

Дали тие разговори можат да отидат во насока да бидат задоволени сите заедници, а тоа претпоставува дека не мора да биде лавот, не мора да биде орелот, туку ќе се оди на некое решение кое ќе ги задоволи сите?   

Само се првични раговори. Сѐ може.

Ако позитивно гледаме на работите ќе најдеме прифатливи решенија во Илинденското востание

Овие денови спомнавте дека може да се размислува и за химна без зборови. Сакам да ве прашам да елаборирате малку повеќе околу тоа. Има такви искуства, шпанската химна е таква. Но, дали кога ќе се отвори разговор за еден таков концепт сметате на тоа дека ќе се повредат чувствата на Македонците?

Многу простор даваме за нешто за што нема ништо конкретно. За тоа потоа, кога ќе седнеме и ќе разговараме. Ќе ги соочиме аргументите. Но, ако сакаме позитивно да гледаме на работите ќе најдеме многу позитивни историски настани, историски личности кои се поприфатливи. Ите , Крушевската република. Многу други нешат ни се заеднички во историјата. Ако сакаме да најдеме заеднички точки, ќе ги најдеме. Ако сакаме проблеми, ќе најдеме проблеми. Јас мислам дека пристапот е позитивен, со позитивна енергија, има доста заеднички поенти, моменти коишто што можат да бидат заеднички и инклузивни за сите заедници во државата.

Ќе ми дозволите уште едно прашање и со тоа ќе го затвориме овој дел…

Не, не, не бегам од прашањата, но нема ништо конкретно. Ниту преговори нема, па затоа само може да се оптоварува муабетот без да е започнат.

Токму во таа насока, дали оваа тема се отвори колку да се замаглат останатите процеси кои не се одвиваат така како што треба, односно дека се прикриваат проблемите што владата ги има во однос на некои прашања. Несправувањето брзо и ефикасно со растот на цените, или, на пример, што е исто така загрижувачки, со процесите на глобално ниво со трговските војни. Турбулентни се процесите, на пример, американската компанија Аптив најави дека се заминува од земјата, како една од компаниите странска инвестиција во земјата. Дали дебатата за државни симболи е да се скријат овие процеси?

Не, уште еднаш ќе кажам нешто што е јавна тајна. Сите знаат дека имало таков и тука завршува тоа. Само можам да додадам дека немаме табу теми. Како владини партнери сѐ што е во интерес на граѓаните, во интерес на државата, се разговара, преговараме и кога ќе има конечни решенија ќе ја известиме јавноста. Но, уште еднаш потенцираме, фокусот ни е владината програма, економските политики, борбата против корупцијата, враќањето на довербата во правната држава. Тоа се столбовите за кои граѓаните очекуваат да ги видат резултатите од наша страна. Има доста да се збори во оваа насока.

Треба да се балансира меѓу приоритетот чист воздух и приоритетот промена на грб и химна, важно е и едно и друго

Кога би имале еден приоритет што ви е поважно: чистиот воздух или промената на грбот, химната или промената на квотата од 20% на граѓаните што го зборуваат албанскиот јазик?

Во принцип треба балансирање за сите работи. Ова е политичка Влада. Не е експертска за да се посветиме само на експертски прашања. Треба и чист воздух и добри меѓуетнички односи, економски развој и животен стандард. Не може ова ќе направиме, друго ќе запоставиме.

Затоа јас  се посветив повеќе на тоа да ги најдеме причините, причинителите за ова, а не цело време да трчаме по последиците и да биде доволно да донесеме само некои софт мерки, пи-ар, само за да се надмине периодот, да дојде март месец и сите да заборавиме на тоа.

Мислам дека ова бара стратешко, посветено внимание. Добро е што со нашите партнери, со Светска банка, со УНДП, веќе имаме детални анализи, посебно за урбаните средини каде што е понагласен овој проблем, веќе ги имае лоцирано кои се точните причинители за овие работи.

Сакаме подетално да навлеземе, на пример во градот Скопје, каде што е поголемиот дел од населението во државата, и по реони да видиме како стојат работите и за причините за загадувањето, каде е понагласено, каде е помалку.

Веќе знаеме дека прв фактор е тоа дека домаќинствата се грејат на сѐ и сешто. Втор фактор е урбаниот транспорт.

За првиот фактор, за да се елиминира првата причина, мора да ја вратиме и работиме интензивно на тоа да ја вратиме гасификацијата. Тоа ќе биде нов извор за енергија, алтернативен, поевтин и тоа ќе го намали за 50 до 70 отсто загадениот воздух. Тоа го имало и во Истанбул и во други градови пред и после гасификацијата.

Нашиот концепт е сега освен секундарната и терцијарната гасификација со што ќе биде можно да се работи и на когенеративните, гасните централи што ќе придонесат и за топлинска енергија, односно за централно греење.

Не е спорно дека овој стратешки пристап е важен, но, и самите рековте дека е алармантна ситуацијата. На пример, во јануари, населбата Лисиче, во Скопје, имала само два дена во јануари чист воздух. Слична е ситуацијата и во другите градови. Зошто не употребивте некои од мерките од Планот за чист воздух на претходната влада што дадоа одредени резултати?

Мерките се донесени на владина седница за контроли на големите загадувачи, на јавниот транспорт, на казните. Јас мислам дека не е доволно тоа да го направиме. Тоа не дава долгорочни резултати. Може да ублажиме со некој процент, но со тоа се лажеме и пак следната година, следните години ќе го имаме истиот проблем. Се садат нови садници, има контрола на големите загадувачи, контрола на јавниот транспорт, миење и чистење на улиците, но тоа не се долгорочни решенија. Или среднорочно решение. Долгорочно решение е гасификацијата којашто го намалува за 50 до отсто загадувањето на возухот.

Имам едно прашање поврзано со борбата со корупцијата бидејќи беше прилично нагласувана дека ќе биде еден од приоритетите, како е вашиот личен став за ова со јавниот обвинител Коцевски. Тој во неговиот мандат имавме неколку покренати обвинувања како што беше Груби, Мерко или некои други луѓе за кои е утврдено коруптивни активности?

Мислам дека со промена на власта има и друг пристап. Секојдневно се отвораат нови афери, постапки и мислам дека (обвинителството, н.з.) ретко или споро реагира на таквите постапки и мислам дека не оди во прилог на враќање на довербата во правната државата, во судството, во обвинителството. Треба да бидат поажурни.

И сметате дека оваа постапка, процес што тргна ќе помогне во тоа?

Сметам дека е потребно да има промена и да доаѓаат луѓе професионалци кои поефективно ќе ги тераат ваквите постапки за да има резултати.

Коалицијата на ДУИ со СДСМ на Заев во 2017 беше добра стратешка одлука

Зошто ова ВМРО – ДПМНЕ е денес поприфатливо од она ВМРО во 2017 година?

Зборуваме за 2017 која што промена беше предуслов за отворање на нова перспектива на државата. Мислам дека тогашното ВМРО  заедно со ДУИ забегаа. Мораше да дојде до промена, свесно бев еден од луѓето внатре во партијата каде што имаше долги дебати и аргументирав зошто треба да се прекине соработката со Груевски и треба да се почнат разговорите со Заев. Стратешки тоа беше добра одлука и за граѓаните и за ДУИ но и за државата бидејќи со новите политики Македонија стана член на НАТО што мислам дека дава друга димензија на настаните. Никој веќе не мисли на безбедносниот аспект бидејќи тоа е гарантирано од страна на НАТО. Јавно се борев за тоа и мислам дека беше позитивен чекор и мислам на некој начин ДУИ го спаси во тоа време, му даде на ДУИ нов кредит во политичкиот живот.

Ја поддржав таа Влада тогаш, јас ги водев преговорите 2017 година за формирање на Владата. Не бев дел од тие Влади се досега, сега имаме нормални избори, тој процес што се одвиваше како огнена група, фракција, па испадна обединување на албанската опозиција. Имавме избори, од едната страна е победник ВМРО –  ДПМНЕ, ново ВМРО – ДПМНЕ којшто нема хипотеки кај старото раководство, напротив на виделина испадна дека Ахмети и Груби само биле приморани тогаш и направиле Влада со СДСМ, бидејќи испаднаа на површина дека тие ги држеле тие контакти, соработувале и понатаму како што се случи да Артан Груби биде внесен во Црна Листа заради влијание во судството заради Мијалков, бизнисите, па мислам дека и менторството во однос на казино бизнисот и брзите кредити. Јасно е видливо дека Груевски, Ахмети, Мијалков, Груби цело време биле заедно.

ДУИ е затворено поглавје, гласачите на Влен бараат да биде една партија, не сум оптоварен од амбицијата за лидерска позиција

Реков на почеток дека разговарам со личност, политичар кој има исклучително влијание и во актуелната влада а еве сега ова не потсетува дека речиси во целиот овој период од 10 години, прилично активно учествувавте во процеси кои беа од придобивка и за Македонија, 2017 година и за она што значи преиспитување на работата во партијата во ДУИ … Дали сте размислувале за ова, да се вратите во ДУИ и да го преземете лидерството во оваа партија?

Знам дека во јавноста до скоро па може и некој сега и го слушам тоа „Ова е игра меѓу Али и Изет, политичка.“ Јас сум од тие, и тие што ме познаваат знаат, дури сум бил ДУИ сум бил 100% лојален внатре. И кога сум бил незадоволен сум ја спасил Владата на ДУИ и СДСМ во одреден момент,  бидејќи во Владата требаше да биде и Левица мислам дека тоа стратешки наштетуваше на интересите на државата но и тогаш сум бил крајно незадоволен, сум ја водел битката внатре. Се до моментот кога понудив креативно решение да биде фракција внатре во ДУИ. Тоа што го има во европските партии и така сакаат да се поистоветуваат или именуваат, европски фронт, европски вредности.

Јас им понудив едно такво решение да бидеме фракција со различни размислувања за различни теми меѓутоа но тоа не го прифати Ахмети. Почна да разрешува луѓе што размислуваа различно во тоа време, од заменички министри, директори, и на крај дојде во Чаир да разреши претседател на Огранок и тука беше крајот.

Со луѓето што беа блиску до мене, седнав разговаравме, кажав дека има две солуции – Или си одиме дома или ќе ја продолжиме битката со креирање на нова куќа, нова идеја, нова политичка визија. Сите беа за ова и кога ме разрешија, некој се вратија во ДУИ кои ги има денес таму. Во тој момент ни се разделија патиштата, го затворив поглавјето на ДУИ но тоа не значи дека доброто членство, не со багаж, не со хипотеки, во тие 20 години имало и добри луѓе и добри проекти и добри идеи, само врвот е таму корумпиран и забеган.

Млади луѓе кои имаат политичка и административно искуство секојдневно преминуваат од ДУИ во Демократското движење, ги повикувам и јавно еве користам прилика од тука, бидејќи ако чекаат од ДУИ таму нема да им дојде редот, нема да им се даде шанса. Може да ја видат парламентарната група таму се пратеници по 6-7 мандати. Шансата ја гледаат во демократското движење, во ВЛЕН, така што уште еднаш ги повикувам тука да преминат.

Велите „отворен е патот на ВЛЕН“, но она што е сега најавувано, времето брзо се движи, ќе ни дојдат локалните избори и одредени лидери на ВЛЕН рекоа дека на локалните избори ќе се оди поединечно или како коалицирање во одредени општини, но после локалните избори се размислува за формирање на една партија? Дали се гледате како лидер на таа партија?

Вака, во ВЛЕН има 4+1, 5 политички субјекти. На некој чадор на коалиција и мислам така ќе биде и на локалните избори. Ние отворено разговараме и мислам дека тој процес ниту треба да се забрза ниту да се заборави. Гласачите бараат ВЛЕН да биде едно во суштина, мислам дека тука не грешиме знаеме да слушаме и да го читаме што сакаат гласачите, во овој случај повеќе албанските гласачи. Во однос на локалните избори тоа е на ниво на разговори, нема политички договор. Таму има повеќе стратегии, повеќе идеи, сме разговарале во некои општини ако има некој кандидат што е подобар од нашите кои ги имаме во структурата, може да го понудиме за најдобар кандидат за градоначалник ќе излеземе и како независен, некој кој доаѓа од бизнис, академскиот дел итн. Во однос на другото, има неколку размислувања ама 2 се главни – има размислување да имаме заеднички кандидати бидејќи е мнозински систем а да имаме посебни советнички листи бидејќи е и пропорционален систем. Едното размислување е тоа. Има други размислување што е понагласено дека на овие избори е второто полувреме на битката со ДУИ или пак “Европскиот фронт“ ако опстојат. И не можеме да водиме битка и со „Европскиот фронт“ и битка меѓу нас. Треба да го затвориме ова поглавје и со „Европскиот фронт“. После тоа е нов период нова политичка ера во албанскиот кампус. Тогаш има простор и да се мериме и да се натпреваруваме.

Но, мислам дека ќе имаме уште 1-2 состаноци и ќе дојдеме до решение. Ова укажува дека во ВЛЕН има разговори, преговори има аргументи, се разговараат работите и сѐ додека е вака ќе се наоѓаат најдобрите решенија.

Во однос на лидер, тоа е рано да се каже.  Јас сум човек кој сака да игра во успешна екипа, победничка екипа, не сум оптоварен со тоа дали сум прв, втор, трет.

Кого цените од политичарите во македонскиот блок а кого во албанскиот и обратно кого најмалку цените во албанскиот и македонскиот блок?

Меџити: За вакво прашање ќе ми дозволиш да размислам. Ќе треба да се направи анализа за да не се дадат имиња колку да се дадат.

Зачлени се на нашиот е-билтен