Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мисовски: Единствен ден за спојување на претседателските и парламентарните избори е 8 мај

Потпретседателот на Собранието и лидер на НСДП, Горан Мисовски во интервју за Рацин.мк вели дека нема никаква можност за влегување во уставна криза, на што упатува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, затоа што Уставот е јасен кога станува збор за изборните термини. Но доколку постои политички договор за спојување на претседателските и парламентарните, тогаш според Мисовски најпогоден ден за тоа е 8 мај.

Со Горан Мисовски, потпретседател на Собранието разговараше Љубиша НИКОЛОВСКИ:

Дали заканите од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека доколку не се договррат термините за спојување на претседателските со парлементарните избори државата ќе влезе во со уставна криза се реални или се само во контекст на барањето за лидерска средба?

Мисовски: Следната 2024 година согласно уставот ќе се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Според роковите кои се предвидени во уставот и изборниот законик последен ден за гласање на втор круг претседателски избори е 8 мај,а последен ден за гласање на парламентарните избори е 15 јули. Единствен ден за спојување на претседателските и парламентарните избори е 8 мај. Бидејки согласно уставот не може да има предвремени претседателски избори освен во одредени услови предвидени со уставот, секој друг термин на поместување на роковите за парламентарни избори пред 8 мај би биле предвремени, треба да се распушти парламентот и важат други рокови. Треба да имаме во предвид дека треба да има и техничка влада 100 дена пред парламентарните избори. Од тие причини не може да говориме за уставна криза, затоа што одредбите од уставот и изборниот законик се јасни и прецизни.

Секој друг термин на поместување на роковите за парламентарни избори пред 8 мај ќе направи тие да бидат предвремени. Во таков случај треба да се распушти парламентот и важат други рокови. Треба да имаме во предвид дека треба да има и техничка влада 100 дена пред парламентарните избори. Од тие причини не може да говориме за уставна криза, затоа што одредбите од уставот и изборниот законик се јасни и прецизни.

Дали барањата на Мицкоски за одржување лидерска средба под покровителство на собранискиот претседател Талат Џафери може да се сметат дека се поместени позициите на оваа партија во однос на уставните измени и барање компромисно решение со кое тие би ги подржале, а за возврат би добиле предвремени избори кое тој секојдневно го повторува?

Јас го поздравувам секој обид за нормална комуникација помеѓу власта и опозицијата, вклучително и лидерските средби, а зошто да не и под покровителство на претседателот на собранието. Во секоја нормална држава комуникацијата помеѓу политичките партии за решавање на прашања кои што се од државен интерес, секако може да биде од корист. Што се однесува до ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, кој што го имаат до овој момент, сметам дека е крајно недржавнички и спротивно од интересот на најголемиот број на граѓани дека Северна Македонија треба да се движи по европскиот пат. Јас сепак сум оптимист дека во ВМРО ДПМНЕ ќе победи европската агенда, пратениците ќе го променат ставот, ќе ги изгласаме уставните измени и ќе го продолжиме европскиот пат на интеграција. Потврда дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе го променат ставот, е секојдневното признавање на Преспанскиот договор и новото уставно име на државата, наспроти хистеријата која што ја ширеа години наназад, со паролата никогаш “Северна” само Македонија.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, кој што го имаат до овој момент, сметам дека е крајно недржавнички и спротивно од интересот на најголемиот број на граѓани дека Северна Македонија треба да се движи по европскиот пат. Јас сепак сум оптимист дека во ВМРО ДПМНЕ ќе победи европската агенда, пратениците ќе го променат ставот, ќе ги изгласаме уставните измени и ќе го продолжиме европскиот пат на интеграција.

Во собраниска процедура е носењето нов Деловник чиј текст е усогласен преку процесот Жан Моне. Може ли да ни кажете дали тој сега ќе гарантира дека злоупотребите што 2017 ги правше ВМРО-ДПМНЕ со растегнување на конститутивната седница на дури 4 месеци се минато и дека такво нешто нема да се повтори?

Да, новиот деловник ќе значи крај на злоупотребите на неговата примена од страна на ВМРО ДПМНЕ и неможност да ни се повторат “крвавиот понеделник и крвавиот четврток”. Јас сум горд што бев во работната група, која што работеше цели 5 години, на изготвување на нов деловник. Со задоволство можам да констатирам дека постигнавме консензус за сите недоследности и недоречености кои што сме ги увиделе години наназад преку практикувањето на постојниот деловник. Морам да ја потенцирам разликата во пристапот за носење на деловникот во 2008 година, кога ВМРО ДПМНЕ го донесе деловникот искористувајки ја одлуката на тогашната опозиција да не учествува во работата на Собранието и сегашниот пристап на парламентарното мнозинство, заеднички преку аргументирана расправа да дојдеме до нов Европски деловник.

Од неодамна сте лидер на НСДП, дали ја консолидиравте партијата во овој релативно кус период и какви активности се пред неа?

Како претседател на НСДП можам со задоволство да констатирам дека партијата е во полна кондиција, подготвена да учествуваа во двата изборни процеси кои што не очекуваат следната година. Го заокружуваме процесот на изборни конференции во општинските организации, согласно статутот. Во подготовка сме на организирање на конференција на организацијата на жени, конгрес на младината, неколку тематски трибини и секако јубилејниот, некои велат “полнолетство на партијата”, 18-ти роденден.

НСДП е патнер во Власта, но во голема коалиција често пати се губи „идентитетот“ на една партија. Како НСДП ќе ја артикулира својата визија за Македонија, колку таа кореспондира со заедничката владина политика?

Пред секој изборен процес, сме изготвувале програма, наша автентична, објавени се сите на сајтот на НСДП, која што сме ја усогласувале со коалиционите партнери. НСДП е партија која покажа капацитет да се справи и со најголемите предизвици пред кои што беше исправена државата. Покажавме коалиционен капацитет, како коректен и кредибилен партнер. Таквите врски на взаемна доверба ке продолжиме да ги негуваме.
Низ целиот овој 17 годишен период имавме позитивна улога и го заокруживме со членство во НАТО и започнавме преговори со ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново