Во склоп на фестивалот Букстар, кој традиционално веќе 9 години се одржува во Скопје и ја слави европската литература, вчера македонската публика имаше можност да се запознае со британската авторка Софи Хана, на која и припадна честа да пишува продолженија на романите на Агата Кристи за Херкул Поаро. Таа како што кажува во некои аспекти слична со ликот за кој раскажува, не знае историја воопшто, сака да чита книги за само помош, за недај боже ако и притребаат некогаш во животот и секогаш го знае крајот или кој е убиецот пред да почне да пишува бидејќи пред да почне со пишување ментално се подготвува за тоа половина година.
„Се трудам да се држам до оригиналниот Поаро кој Агата Кристи го има создадено оригинално и не го менувам. Мојата работа е да пишувам нови мистерии за него да ги решава. Мојата омилена карактеристика кај него е тоа што е опседнат со уредноста и секогаш е педантен, како и неговата љубов кон симетријата, бидејќи и јас сум помалку опседната со тоа“, изјави Софи Хана за читателите на Трн.
На наше новинарско прашање во која епоха се сместени дејствијата за кој таа пишува и дали планира да ја смени епохата на Агата Кристи, Софи одговори:
„Не, не ја менувам епохата. Досега дејствијата во книгите се движат од дваесетите години на минатиот век и одат децениски до триесетите години на минатиот век, Од 1929 до 1932 е периодот кога Агата нема објавено ништо, па го искористив тој гап и тогаш временски ги позицинирам дејствијата бидејќи во последната книга на Агата, Херкул Поаро умира и не можев да го воскреснам од мртвите, за да продолжам оттаму и исто така ми немаше смисла моите книги да одат претходно пред епохата на Агата.
Софи Хана на 12 години ја прочитала првата книга од Агата Кристи, „Тело во библиотеката“ и оттогаш станува нејзин најголем обожавател, таа е колекционер на сите нејзини книги и ги има прочитано по неколку пати.
На прашањето, како се случи оваа соработка, таа одговори дека се било сплет на среќни околности.
„Тоа е многу смешна приказна. Ништо од тоа немаше да се случи ако не беше мојот литературен агент. Мојот агент беше на состанок со британските издавачите на Агата Кристи, Харпер и Колинс, и овој состанок не беше воопшто инициран за мене или за Агата Кристи и мојот агент кој случајно седел до една полица со романи од Кристи и запаметил дека сум голем фан на нејзините романи тој го прекинал состанокот и кажал: Вие ја објавувате Агата Кристи, ама таа е мртва, и вие треба да ја земете Софи Хана, мојата авторка, која е голем фан на Агата Кристи и пишува крими романи за да напише продолженија. Од Харпер Колинс одговориле: Не, не, семејството на Кристи никогаш нема да прифати и следното утро издавачите имале состанок со семејството на Кристи и внукот на Агата Кристи, Метју, кажал дека по сите овие години мислат дека треба да излезе нова книга со најгенијалниот лик на сите времиња, Херкул Поаро и тоа беше тој сплет на добри околности. Ако не кажеше мојот агент ден претходно, тие немаше мене да ме ангажираат“.
Најголемиот предизвик со кој се соочила при пишување на книгите со Херкул Поаро е историскиот аспект кој морала да го земе предвид со оглед на тоа дека пишува за еден век претходно.
„И одеднаш јас се наоѓам пред голем предизвик бидејќи морам да пишувам за дејствија пред еден век, а се дотогаш пишувам во современо време. Не сум историски експерт, за среќа мојот сопруг е. Единствено нешто на кое се сеќавам од предметот историја во училиште е името Бизмарк, ама не знам кој бил“.
Заради историските моменти таа морала да менува и дел од приказните бидејќи во тоа време тие не постоеле и не се случиле.
„Кога ја пишував мојата втора книга „Затворениот ковчег“ имав една ситуација бидејќи еден лик во книгата имаше проблем со бубрезите и идејата ми беше да направам трансплантација на бубрег. Меѓутоа, за среќа имам еден пријател кој слуајно е еден од најдобрите доктори за бубрези во светот и го прашав кога е извршена првата трансплантација на бубрези, тој одговори во предесеттите години на минатиот век и така што морав да го сменам тој дел од прикзната“.
На прашањето како ги вклучува споредните ликови во вашите приказни од оригиналните дела на Поаро, таа одговара: „Од споредните ликови досега го имам искористено само батлерот Џорџ и немам обврска да ги користам другите спроедни ликови, меѓутоа тој ми беше некако поврзан со Поаро и неговата фабула, останатите споредни улоги се мои креации.“
Околу психолошкиот аспект кој е застапен во градација на ликовите и приказните, таа откри дека многу чита таков тип литература и дека е зависна од тоа што понекогаш дури е комично какви книги купува за самопомош.
„Има еден интересен момент, јас обожувам да читам книги за само помош дури и за проблеми кои ги немам, бидејќи можеби еден ден ќе ги имам. Ако сум во книжарница и има да речеме книга со наслов: „Како да ја излечиш деструктивната врска со твојот поштар“, си велам не се знае, можеби некој ден ќе имам некој страшен поштар и треба да знам“.
Нејзината способност да ги засмејува луѓето е поврзан со нејзиниот брилијантен ум кој точно и прецизно работи и знае како да ја подигне атмосферата и да го направи разговорот интересен и забавен за следење.
И за крај таа изјави дека секогаш го знае крајот пред да почне да почнам да пишува, за да може убаво да ја разработи приказната.
„Пред да почнам морам да знам дека имам брилијантна книга, не можам да го трошам времето бадијала“.
Александра Тодоровиќ (Трн)