Во интервју на Слободен печат ТВ, гостин беше проф. д-р Трајан Гоцевски, член на Советот за безбедност. Повод беше неговата нова книга насловена „Глобализација, геополитика, одбрана“. На прашањето – дали се исплатеше жртвата на државата со името Северна за влезот во НАТО, Гоцевски потврдува.
„Се исплатеше. Тоа една од поголемите гаранции, кои ги стекна Македонија со тој договор, во смисла на нејзиното безбедносно стабилизирање, во смисла на нејзиното меѓународно етаблирање, но и во делот на интеграциските процеси кои што настанаа и ние станавме дел од таа евроатланстска безбедносна зона. Така и нашето небо е заштитено од НАТО, членот 5 од Вашингтонскиот договор, значи било какво посегање по Македонија, значи посегање по НАТО и вклучување на сите 32 членки, а тоа е голем залак,“ посочи Гоцевски.
Според него, сликата за Преспанскиот договор не е објаснета убаво и во тој контекс тој се осврна на неколку клучни работи.
„Всушност тоа е спогодба и во спогодба сите страни по нешто губат. Македонија што доби, со потпишувањето на спогодбата. Македонија за прв пат е регистрирана како независна, суверена држава според, според сите правила и принципи на ООН. Се избриша тоа Поранешна југословенска република кое што асоцираше на тоа дека сме некаква поранешна територија на држава која што не постои. Ние пред тоа имавме привремена регистрација во ООН,“ рече Гоцевски.
Како други клучни работи, кои државата ги доби со потпишувањето на спогодбата, Гоцевски посочи дека Македонија за прв пат добила и меѓународно признати државни граници. Потоа дека Македонија е етаблирана како независна и суверена држава со потврдна државност. И во однос на идентитетските прашања, дека тие се заштитетни, но посочи и дека идентитетот ако самите ние не си го браниме, јазикот, културата, традициите, не може тоа никој тоа за нас да го направи.
„Глобализацијата значи отворање на пазари, создавање на еден светски пазар, каде примарна беше економијата и тој процес одеше добро. Е сега кога стана проблематичен? Кога т.н гобализатори, тие што управуваа со процесот, увидоа потреба да ги унифицираат системите. Политичките, економските и воените системи. Тоа значи да може полесно да се тргува, полесно да се движи работната сила, капиталот,технологиите итн, и тука се надоврзува арапкта пролет, Иран, Ирак, тие се резултат на таа политик, да се унифицираат системите по еден терк. Почнува од политичкиот систем, кој содава амбиент за економијата, ја унифицира економијата која почива на пазарните механизми и заштита на сопственоста. Значи државата да ги тргне рацете од економијата. И понатаму тоа значи да се унифицираат, да се направат да речеме колективни системи кои ќе ја гарантираат безбедноста,“ истакна Гоцевски.
За геополитиката тој вели дека е нешто друго. Вели дека е дејност, мисловен процес, кој го прават најмоќните држави и кој се однесува на долгорочни зацртани цели, кои се прават со сите расположливи средства, нешто системски нешто „под маса“, но сепак да одат во интерес на одредени центри на моќ.
„Затоа геополитиката е пред се интерес, неа ја водат големите сили, тоа на малите сили не им одговора, но во принцип сите почнуваат да се прилагодуваат на таквите движења, бидејќи праксата покажа дека големата политика ја водат неколку клучни држави, на глобално ниво, на долгорочен план, на 50, 100 години. Има и втора лига држави како Јапонија, Германија, Кина, Индија, Русија, Пакистан, Малезија. И сите тие во таа геополитичка мапа, сакаат да си го најдат местото, но внимаваат да не се судрат со оние кои тоа го прават на најглобално ниво,“рече Гоцевски.
Тој се осврна на Кина, која сега избива на второ место, се наметнува и сака да биде слушана. А тоа вели Гоцевски, ги пореметува односите на Кина. И се осврна на САД кои ја ставиле Кина како една од најголемите закани за развојот, просперитетот и америчките интереси. Тој се осврнува на помалите држави како нашата, кои треба да се вклопат во сето тоа. Според Гоцесвки, во наш интерес е да не се најдеме спротивно на таквите политики, бидејќи историјата покажала дека земји кои не се вклопиле во регионалните и глобалните политики, ослабнуваат, а некои исчезнуваат.
На прашањето – Дали ние сме сега добро позиционирани и дали треба да бидеме поспокојни како држава? Проф. д-р Трајан Гоцевски потврдува.
„Да, Македонија изгради концепт од 1992 година, кој што се поклопува со модерниот свет, Европа пред се, и преку НАТО во таа евроатланстска безбедносна зона, а тоа значи системот на одбрана содржи две компоненти, воена одбрана-воена компонента и втората е цивилна компонента, или цивилната одбрана. Во делот на воената одбрана, Македонија направи многу, односно од 1992 година, со одредени осцилации го задржа правецот, а промашивме кај цивилната одбрана, која ја извадивме од Министерството за одбрана и не ја приклучивме кон ниту еден државен авторитетен орган. И што се случи , ние ги распарчивме капацитетите, се повеќе имаме закани во цивилниот дел,“ истакна Гоцевски, член на Советот за безбедност, во интервју за Слободен печат ТВ, а во соработка со Цивил медиа.
Тој посочува дека воената одбрана ги градела своите капацитети и со влезот о НАТО се покажало дека имаме апсолутно вградени механизми, правила, процедури итн, кои се по најсовремен терк и се вклопуваат во тој безбедносен систем на одбрана какои и тоа е големата предност на Македонија.
„А во цивилниот дел што се случува, кога имаме поголеми елементарни непогоди, нашиот систем го водат одредени агенции, заштита и спасување, дирекции итн, можеби луѓето се стручни, но капацитетите се раздробени и немаат ресурси, немаат авторитет и неможат да имаат технологија со која ќе одговорат на тие непогоди. И тогаш посегнуваме по армијата. Ние сега кога имаме непогоди, ја викаме армијата, но што се случува, таа не гради капацитети, тоа не е нејзина мисија, и се троши во човечки ресурси и дејности кои не се нејзини примарни дејности,“ вели Гоцевски.
Според Гоцевски треба да има авторитетен државен орган кој ќе го води тоа. Тој додава дека нај логично е таа да биде под Министерството за одбрана или пак Министерството за внатрешни работи. Како и дека тоа како прашање било покренато и одпретседателот Пендаровски, но со оглед на кризите кои се случуваа, немало можност да се расправа за такви клучни работи. И таа тема останала отворена.
Во НАТО земјите членки, воената компонента а тоа е армијата се вклопува во тој дел, а цивилната компонента се вклопува во цивилниот менаџмент кој е еден од столбовите на НАТО.