Мирјана ВАСИЛЕВА
За нашата соговорничка Лена Џапиќ, координатор во Националниот совет на Загребската жупанија и основач на познатата етно македонска група „Езерки и 7/8“, 2023 е значајна година, бидејки е во тек програмата за одбележување на јубилеите – 3 децении од формирањето на првото Македонско хрватско друштва за пријателство и 29 годишната од постоењето на етно групата „Езерки и 7/8“.
– Како вчера да беше, се потсетува Лена, кога во 90-тите години во минатиот век, во Загреб, се случија немилите настани и крвавата дезинтеграција на поранешната државна заедница и војната во Хрватска. На иницијатива на истакнати личности од јавниот живот , а со подршка на тогашните влади во Загреб и во Скопје, го формиравме друштвото за пријателство, со цел заштита на македонскиот идентитет, верата, културата и традицијта. Поддршка добивме и од првиот претседател на друштвото, македонистот и познавач на страословенската книжевност, академикот Стјепан Антољак, а наши членови беа и акдемикот Далибор Брозовиќ, професорката по уставно право Магдалена Маршавелска, актерата Костадинка Велковска, комозиторот Тома Прошев и уште многу други наши сонародници кои што дадоа поддршка од цела Хрватска. Тогаш се роди и идеата за основање на етно групата „Езерки и 7/8“.
„Езерки 7/8“ ја сочинуваат 15 женски вокали коишто пеат трогласно, а некои од нашите членки пеат и соло песни за време на настапот. Групата ја подготвува и води Дарка Краговиќ, внука на познатиот хрватски композитор маестро Милјенко Прохаска.
– „Езерки и 7/8“ неможе да се замисли и без виртуозните музичари предводени од виолинистот Бруно Урлич кој што е аранжер и продуцент на целокупниот опус на групата којашто што низ годините и со одржаните над 400 концерти ја стекна титулата „чувари на традиционалната македонска музика“ – истакна Лена Џапиќ во разговорот за Рацин.мк.
„Луди за Македонија“
Освен популаризацијата на македонската музика и песна во Хрватска и во странство, „Езерки и 7/8“ имаат издадено пет албуми: „Дневна соба – песни од големата соба“ (прво издание Македонија, 2003), „Бакнеж“ (2006), „Спектакл“ (2008, концерт со ДВД), „Мустра“ (2010) и „Амфитеатар“ (2014). Групата соработувала и соработува со бројни истакнати естрадни уметници како што се Тоше Проески, Калиопи, Раде Шербеџија, Радојка Шверко, Нина Бадриќ, Масимо Савиќ, Костадинка Зодансариќ, Конџа, Лука Нижетиќ, Зоран Предин, Матија Дедиќ и др.
За репротарот на оваа група е најзаслужен е музичарот од некогашната група „Забренето пушење“ од Сараево Бруно Урлич, кој ги обработува песните на современ начин за да ги направи пошироко прифатени, а во изведбата се вклучени 12 традиционални македонски инструменти како што се кавалот, тапанот, хармониката, ударните инструменти…
Со автентичен приказ на македонската народна музика, „Езерки и 7/8“ се многу популарни во Хрватска, но и на Балканот. Настапувале низ годините на многу места низ Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Италија. А за тоа говори и документарниот филм под наслов „Луди за Македонија“, снимен по повод 20 годишнината од работата на оваа музичка група, што премиерно беше прикажан во 2018 година на ХРТ, а по тој повод беше снимен одржан и снимен концертот на „Езерки 7/8“ во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб.
Критичарите ги препознаваат „Езерки и 7/8“ како етно група која што остава трага за македонската музика надвор од границите на Македонија, а за пофалба е споредбата со познатиот „Буена Виста Сошл клаб“ на Кудер. Нивната работа е препознаена од големи музички експерти, чии што текстови за групата ги објавуваат угледните хрватски медиуми.
Лена Џапиќ: Благодарение на нашата иницијатива македонскиот јазик да биде вклучен во образованието на децата Македонци, сега македонски учат и нивните хрватски другарчиња
Со Лена Џапиќ, координаторка во Националниот совет на Загребската жупанија, една од основачите на Македонско хрватско друштва за пријателство и основач на познатата етно македонска група „Езерки 7/8“, разговаравме во Скопје за време на нејзиниот престој во Македонија со цел да ги посети нашите институции кои се задолжени за грижа и за соработка со нашата дијаспора и Министерството за култура.
Разговаравме за нејзиниот досегашен ангажман, како активистка, волонтерка во низа иниицијативи и активности, кои што се поврзани со Македонците кои живеат во Хрватска, во остварувањето на правата како малцинство, околу заштитата на јазикот, културата и идентитетот.
Македонската заедница во Република Хрватска, која според законот за национални малциства, е една од вкупно 22 малцинства во оваа држава којашто ги ужива сите права како другите кои имаат свои претстваници на државно, општинско и локално ниво.
Кажете ни колку сте задоволни од остварувањето на правата на Македонците во Хрватска од позицијаа на претстваник во Нациналниот совет во Загребската жупанија, каде што во делокругот на вашата работа е и грижата за образованието на младите од македонската популација што што живее во тој регион?
– Многу сум радосна што успешно заврши оваа учебна година, во нашато училиште за макеоднкси јазик, кое е новоформирано во гратчето Дуго Село. Благодарение на ентузијазмот на наставничката по потекло од Македонија, ја формиравме паралеката за македонски јазик. Во оваа општина живеат околу 20-тина фамилии Македонци кои изразија желба во рамките на образовниот процес нивните деца да го учат и македонсиот јазик, за што услови создаде Загребската жупанија.
Наставата ја посетуваа 8 деца, а во оделението се придружија уште 10 Хрвати коишто покажаа интерес да се запознаат со македонскиот јазик. Свечено беше на доделувањето на сведителствата со коцертот на етно групата „Езерки и 7/8“ којшто заедно со хорот на наставнички од училиштето во Дуго Село ја разубавија атмосферата на крајот на учебната година. За овој музички хепенинг градоначалникот на општината не го криеше задовотлството и најави дека дека вакви настан во иднина ќе има уште мноху слични во градот.
Можете ли да ни го објасните моделот на образованието кој го вклучува учењето на јазикот и писмото на националните малцинства како составен дел на целокупниот образовен систем на Хрватска?
– Учењето на јазикот и писмото на националните малцинства е во согласност со Уставот на Република Хрватска, Уставниот закон за правата на националните малцинства, Законот за образование на јазикот и писмото на националните малцинства и Државен педагошки стандард на предучилишното образование, а јазиците на кои се изведува наставата на националните малцинства се класифицираат во две групи т.н територијални или малцински јазици (чешки, унгарски, рутенски, словачки, српски, италијански и украински) и нетериторијални јазици (албански, еврејски, македонски, германски, полски, ромски, руски и словенечки).
Според законот припадниците на националните малцинства сами го предлагаат и избираат моделот на образование во согласност со постоечките закони и нивните можности за спроведување на програмата, а имаат можност да се образуваат на мајчин јазик на сите нивоа на образование, од предучилишно до високо образование.