ВМРО-ДПМНЕ сè уште не знае што ќе преземе и како ќе се постави по укажувањата на помошник државниот секретар на САД Џемјс О’Брајан дека тие се меѓу кочничарите на европската иднина.
„Би препорачала да бидете уште малку трпеливи, да почекате да излеземе со изборната програма, да почекате да ја формираме идната влада и уште во првите 100 дена да покажеме кои ќе бидат патоказите“, рече Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и членка на Централниот комитет на партијата, во интервју за Слободен печат на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пред граѓаните.
Таа исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од нашите стратешки партнери да го променат наративот и односот кон кон нашата држава, без да потенцира на каква промена се мисли.
Пратеничката во интервју за Слободен печат на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пред граѓаните, не даде конкратен одговор туку побара граѓаните да бидат трпеливи.
ВМРО-ДПМНЕ сè уште не знае што ќе преземе и како ќе се постави по укажувањата на помошник државниот секретар на САД Џемјс О’Брајан дека тие се меѓу кочничарите на европската иднина.