[ВИДЕО] Мојсова-Чепишевска: Повеќе од половина век создаваме странски македонисти

Во интервју за Рацин.мк, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, ги пренесува впечатоците од овогодишната летната школа која веќе 56 години ја шири мрежата македонисти низ целиот свет.

Со проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска разговараше Зоран Бојаровски.

Снимател и фотограф: Игор Чадиноски

Како ја оценувата овогодинешната летна школа по македонски јазик, литература и култура. Дали семинарот оваа година ги исполни своите цели?

Најбитно е дека најголем број од семинаристите коишто сакавме да дојдат, односно што се пријавија, дојдоа, беа тука, беа дел од оваа 56 летна школа. Тоа се луѓе од различни земји, од различни континенти. Кај сите нив има исклучителен интерес за изучување на македонскиот јазик и пошироко, за македонската култура, за македонската литература.

Во тој контекст искажувам големо задоволство, особено што оваа оваа 56-та летна школа има навистина голем број млади луѓе коишто доаѓаат од нашите центри каде што имаме лекторати по македонски јазик, односно лекторати во странските универзитети, но и од центри каде што се изучува македонскиот јазик, литература и култура на различни нивоа, а немаме лекторати. Во тие центри имаме професори кои се добро обучени, кои добро ги познаваат македонската литертура и култура, добро зборуваат македонски јазик и таму на своите универзитети имаат групи предмети коишто се допираат до македонскиот јазик литература и култура и така, од сето тоа, да не звучи нескормно, но јас сум многу задоволна.

Колку од тие професори за кои сега зборувавте произлегле или поминале низ летната школа, односно Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура?

Најголем дел. Нема некој од нив којшто не бил на летната школа, во последно време и се обидуваме тоа да го интензивираме, за да бидат поблиску со нас и со нашите достигнувања на полето на македонистиката и преку организирањето на Зимската школа. Оваа година таа се одржа по трет пат на далечина, односно популарно кажано онлајн. И за тоа имаме интерес и сега оние кои се збогуваат, кои си заминуваат, кажуваат дека сакаат да учествуваат на наредната зимска школа и прашуваат дали ќе има нова.

Тоа значи дека постои одреден континуитет на македонистите таму каде што ги има ги дека тоа зборува за одржливост на популаризацијата и афирмацијата на македонистиката, на македонскиот јазик и култура?

Така е. Летната школа се одржува во континуитет веќе 56 години. Во далечната 1967 се случил тој прв собир на странски македонисти, и покрај сите премрежја на Балканот, кризи и воени дејствија, но семинарот се одржа. Ја имавме и пандемијата и сепак наоѓавме начини како да се одржи. За време на пандемијата бевме први во регионот коишто ја реорганизиравме летната школа како летна школа на далечина. Тоа беше и за нас едно ново, но и за семинаристите, за учесниците.

Летната школа е една исклучително значајна точка на македонското општество. Многу битна точка бидејќи континуирано, повеќе од половина век се создаваат странски македонисти.

Ме радуваше дека тие нивни дружби не престануваа со часовите, туку и потоа се дружат и пејат на македонски. Могу е интересно кога ќе видите како двајца Полјаци разговараат, се трудат да разговараат на македонски. Или како семинаристи од Турција разговараат со семинаристи од НР Кина на македонски.

Она што го забележавме кога дојдовме е дека поголемиот број од учесниците се млади луѓе. Тоа се веројатно студенти почетници, покажале интерес и еве дошле на семинарот, студираат во средините на нивните универзитети. Тоа значи дека тоа се генерации кои што сега почнуваат и коишто ќе го шират македонскиот јазик. Кои својата кариера практично ја посветуваат на македонистиката и македонскиот јазик.

Затоа кажав дека сум многу задоволна и токму во тој правец вашето прашање е на место. Да, тоа се млади луѓе. Студенти на додипломски и постдипломски, а некои од нив избрале теми за нивните магистерски и докторски од областа на македонскиот јазик, на македонската литература. Затоа навистина ние во нив гледаме некаква иднина. Најмногу млади се во почетните групи, на почетно ниво, не го познаваат македонскиот, почнуваат од нула или со мало предзнаење. Меѓутоа она што е интересно е дека и во групите со средно ниво, и особено во напредните групи, имаме мешан состав. Истовремено во една група можете да видите и студент и професор. Во тие групи треба да дојде до израз вештината на лекторите што работат со напреднатите групи да ја најдат златната средина и предавањата да бидат доволно интересни и за професорот и доволно јасно и за почетникот. Велам почетник, но тие учлесници во тие напредни групи го познаваат, го зборуваат македонскиот, но сега ги учат финесите на македонскиот јазик. Исто така и на полето на македонската литература.

Вообичаено е кога ќе спомнеме семинар, па уште меѓународен, да доминира англискиот јазик. Одвишно е да прашам, но претпоставувам дека доминантен јазик за време на семинарот е македонскиот?

Среден јазик, односно јазик којшто ги врзува сите овие луѓе е македонскиот. Ме радуваше дека тие нивни дружби не престануваа со часовите, туку и потоа се дружат и пејат на македонски. Могу е интересно кога ќе видите како двајца Полјаци разговараат, се трудат да разговараат на македонски. Или како семинаристи од Турција разговараат со семинаристи од НР Кина на македонски.

Кога говоревте за различните генерации во напредните групи, спомнавте дека таму има искусни познавачи македонисти, професори на универзитети заедно со помладата генерација. Што значи тоа? Дали тие, иако се искусни, во изминатите години биле еднаш, два или повеќе пати на семинарот, сепак доаѓаат и покажуваат интерес за усовршување на нивното знаење на јазикот?

Да, тие сметаат дека јазикот се учи додека си жив, јазикот е жива материја. И ние го усовршуваме јазикот, тој се сообразува со новите животни, општествени и културни околности, социолошки и така натаму. Јазикот, македонскиот, не истиот со оној од педесеттите и овој денес на прагот од третата деценија на 21 век. 

Се интересираат и за она што се случува на полето на литературата затоа што највисокото ниво на македонскиот јазик во литературата, во книжевноста, во книгата. Тие мора да следат и нови автори, појавата на тие нови автори, на нови книги, на нови манифестации. Тоа за нив е секогаш предизвик и затоа и тие сакаат да го усовршуваат јазикот.

На научната конференција, којашто оваа година е јубилејна, имаме тиесеттина македонисти од странство, слависти и балканисти како најголемо „оружје“, кои ја докажуваат посебноста на македонскиот јазик. Тие во нивните истражувања го споредуваат македонскиот со другите словенски, односно јужнословенски јазици српски, хрватски, бугарски и така натаму.

Неизбежно е да ве прашам и за политичкиот контекст во кој се наоѓа нашата држава во последните две или три години, период во кој постојано сме приморани да ги афирмираме, уште еднаш да ги нагласиме постоењето, самостојноста, автентичноста на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет. Дали таа тема е присутна меѓу семинаристите? Дали имаат прашања на таа тема?

Интересно е дека семинаристите не се оптеретени со политика. Тие природно се приврзуваат, но интересно кога ќе видите една голема балканска група од Срби, Хрвати, Македонци како лектори од наша страна, Турци, се дружат пеат, зборуваат. Акцентот на она што вас ве интересира ние ќе го ставиме на 50-тата Меѓународна научна конференција. Со тоа ќе покажеме дека ние, како научна фела, којашто целиот свој живот професионално се занимава со проучување, со истражување на македонскиот јазик наспроти другите јазици, на македонската литература и култура наспроти другите литератури и култури, покажуваме дека 50 години, на научна основа, постојано зборуваме за автентичноста на македонскиот јазик, за посебноста на македонската литература и култура.

На научната конференција, којашто оваа година е јубилејна, имаме тиесеттина македонисти од странство, слависти и балканисти како најголемо „оружје“, кои ја докажуваат посебноста на македонскиот јазик. Тие во нивните истражувања го споредуваат македонскиот со другите словенски, односно јужнословенски јазици српски, хрватски, бугарски и така натаму.

Она што е забележливо изминатата година или две, е присутноста, видливоста на активностите на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во текот на целата година, а не само во овој период на крајот на август кога вообичаено се одржува семинарот, а потоа и научната конференција. На што се должи тоа?

Нас ни се потребни медиумите. Како меѓународен семинар и како универзитет потребна ни е таа медиумска поткрепа. Затоа што отвореноста кон медиумите може да му помогне и на обичниот човек, на Македонецот да почувствува дека ништо не е изгубено. Мнозинството од граѓаните и не знаат дека постои оваа летна школа, дека е со традиција, дека е стожер на ова наше современо општество. Дека е еден вид на културна дипломатија бидејќи необременети со политика можеме да направиме многу повеќе и да привлечеме нови македонисти и да им докажеме на нашите Македонци што правиме за македонскиот јазик, литература и култура.

Треба да знаете
Moже да ве интересира