Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Селмани во „Политиканти“: Пендаровски се нуди да биде претседател на сите, Силјановска не го прави тоа

„Во овој петгодишен мандат Пендаровски беше добар претседател. Не можеме да го споредиме со нешто што не сме го виделе, но ако ги гледаме сите претседатели, од Глигоров наваму, тој беше солиден добар претседател“, рече бизнисменот и поранешен политичар, Имер Селмани на поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека сите Албанците и граѓаните од помалите етнички заедници, сакаат претседател кој нема да го кочи европскиот пат на земјата.

„Едно е јасно, Стево Пендаровски се труди да добие гласови надвор од својата етничка заедница, а Силјановска не го прави тоа. Тоа може да биде нејзин хендикеп“ рече Селмани.

Тој повтори дека слична ситуација се случила и во 1999 година, кога Тито Петковски загубил предност од илјадици гласови бидејќи рекол дека не му требаат албанските гласови.

„Мора да имате една програма, не може да имате две – една за политичкиот етникум, друга за останатите. Особено не денес, бидејќи врие од видеа, социјални мрежи. Не може ништо да скриете. Стево има поголем коалиционен капацитет, како и СДСМ“, рече Селмани.

Зачлени се на нашиот е-билтен