„СДСМ преку Мој ДДВ врати милиони денари назад кај граѓаните. Опозицијата и тогаш ги манипулираше граѓаните и не веруваше во оваа релизација. СДСМ како партија ветувањата ги реализира, а и тоа е препознаено од граѓаните“, рече министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската програма на Слободен Печат.
Спасовски рече дека во неговиот мандат како министер до сега се направени многу реформи на стратешко ниво. Дел од нив се: Реформа на безбедносната разунавачка заедница, реформа на следење на комуникации- тоа е нова оперативна заедница која беше неопходно да се направи за да се градат институциите според европските вредности кои ги штитат човековите права. Нова управа за безбедност и разунавање, проект реформа со поддршка од ЕУ, воведени беа и оддели за финансиски истраги и конфискација на имот, реформи во водењето на дисциплински постапки и ставањето во функција и одделот за воздухопловни единици, набавени нови опреми кои 10 години претхдно не беа воопшто набавени.
„Изградени се 2 објекти кои се од витално значење за МВР и тоа: ИКЦ- Центарот во Прилеп за заштита на електронските пораки и градбата на одделот за форензички испитувања со ЕУ – со најмодерна и софитицирана лабараторија во регионот. Во моментот тече градбата на новата полциска станица во Аеродром а и има реконструкција на објекти во МВР. Реконстуирани се над 80 полициски станици низ државата“ – рече Спасовски
Спасовски додаде дека ова е само мал дел од реализираните проекти во кои континурано поддршка се добива од ЕУ и САД во поглед на јакнењето на капацитетите на институциите, во јакнењето на системот.
Спасовски рече дека граѓаните ги препознаваат вистинските вредности за подобар животен стандард и ги уважуваат напорите за да станеме земја членка на ЕУ за подобра иднина.
Тој се осврна на случајот со двете убиства.
„Ова е случај кој ја засега целата македонска јавност. Тоа беше една трагедија којашто во ниту еден момент не треба да биде злоупотребена во политички или било какви други цели. Во овој период кружеа и дезинформациите и лажните вести, кои дополнително предизвикуваа паника и страв кај граѓаните. Она што е јасно е дека според сите спроведени истраги – полицијата брзо и ефикасно работеше на случајот со двете убиста. Полицијата работеше многу посветено, без ниту еден момент на штедење, за да се открие случајот до крај“, посочи Спасовски.