„За жал, ние како општество сме се уште заглавени во минатото. Искрено се надевам дека ќе успееме да го фатиме клучниот момент и да не пропуштиме прилики. Нам ни треба клучно решение и да си признаеме дека спојот со брзиот европски воз е клучен за напредок бидејќи ние како политички партии немаме консензус за големи реформи во образованието, судството – секогаш се оди на собирање политички поени а не се помислува на прогрес во општеството“, посочи Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и Претседателка на ЛДП, во утринската програма на Слободен Печат.
Зајкова рече дека според приметите кои досега ги имаме конкретно за локалната Власт во Скопје не можеме да видиме никаков напредок и констанстно сме сведоци на еден поинаков дух на градот. Наместо да одиме напред и да пројавуваме прогрес ние сме заглавени и премолчуваме на многу битни општествени проблеми затоа во иднина да внимаваме како граѓани на кого ја даваме шанста да го води градот.
„Антикризниот пакет од 662 милиони евра е наменет за граѓаните. Иако постојат закочени закони во собранието се надевам дека конечно ќе помислат дека овој пакет е наменет и за граѓаните. Непотребно се блокираат закони а целта е да се оди напред. Од 2018 година го имаме дијалог Жан Моне кој во негови рамки се донесе Етичкиот кодекс и Новиот деловник на работа на Собранието со цел да се обезбеди поголема функционалност на општеството како целина“ – рече Зајкова.
Зајкова додека дека неопходно е да се видат најпрво кои се приоритетите и дека најважен е Европскиот прогрес и да се овозможни поквалитетно општество.
„Многупати сум била и јас мета на напади. И некои ќе речат дека сум дел од јавниот живот па тоа е во ред. Напротив иако сум дел од јавниот живот треба да се зборува јасно и гласно тоа не значи да се сфати како жалење туку да се алармира до сите безбедносни органи, а не да се доведуваме до момент на понижување“ рече Моника Зајкова.
Зајкова додаде дека изминатот период беа денови посветени на женскиот активизам каде целта е да се бориме против родово базираното насилство. Во Македонија сè уште не можеме да зборуваме за еднаквост и покрај сите кампањи за родова еднаквост. Ние сме земја којашто е за поздравување бидејќи ја имаме ратификувано Истанбулската конвенција – но тоа не значи сега да се вратиме назад и да остане само во писмена форма.
„Иако во политиката се вклучени и жените но сепак чинам дека не треба да бидат вклучени само заради исполнување на квотите во Собранието туку и да се застапени повеќе и на други позиции. Не треба да заборавиме дека дури и во секојдневниот живот се соочуваме со најразлични предизвици’’, посочи Зајкова.
Зајкова рече дека како општество мораме да имаме поширок видик и во идина да внимаваме на кого ја даваме поддршката за да носи промени во едно општество.
„Според примедбите кои досега ги имаме конкретно за локалната власт во Скопје, не можеме да видиме никаков напредок и констанстно сме сведоци на еден поинаков дух на градот. Наместо да одиме напред и да пројавуваме прогрес ние сме заглавени и премолчуваме на многу битни општествени проблеми затоа во иднина да внимаваме како граѓани на кого ја даваме шанста да го води градот“, потенцираше Зајкова.
Зајкова рече дека антикризниот пакет од 662 милиони евра е наменет за граѓаните. Иако постојат закочени закони во собранието се надевам дека конечно ќе помислат дека овој пакет е наменет и за граѓаните. Непотребно се блокираат закони а целта е да се оди напред. Од 2018 година го имаме дијалог Жан Моне кој во негови рамки се донесе Етичкиот кодекс и Новиот деловник на работа на Собранието со цел да се обезбеди поголема функционалност на општеството како целина.
„За жал ние како општество сме се уште заглавени во минатото. Искрено се надевам дека ќе успееме да го фатиме клучниот момент и да не пропуштиме прилики. Нам ни треба клучно решение и да си признаеме дека спојот со брзиот европски воз е клучен за напредок бидејќи ние како политички партии немаме консензус за големи реформи во образованието, судството – секогаш се оди на собирање политички поени а не се помислува на прогрес во општеството“, рече Зајкова, посочувајќи дека неопходно е да се видат најпрво кои се приоритетите и дека најважен е Европскиот прогрес и овозможување поквалитетно општество.