Аеродром не ги доби ветените 3.000 нови паркинг места – Слободен паркинг е научна фантастика

Аеродром не ги доби ветените 3.000 нови паркинг места

Аеродром не ги доби ветените 3.000 нови паркинг места, а паркирањето од година в година станува се поголем кошмар за возачите. Освен гужвите на главните сообраќајници (кои се случуваат во текот на целиот ден, а не само како порано во „шпицевите“) огромен проблем е паркингот.

Тоа е видливо во централното градско подрачје, но особено изразено е и во општина Аеродром. Луѓето што таму живеат и работат сведочат дека да се најде паркинг место е еднакво на научна фантастика.

И не се критични само некои локации, туку цели населби како Мичурин, Острово, Стар Аеродром, потегот околу трговските центри Бисер, Капитол, населба Лисиче и Ново Лисиче.

Пред четири години ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за локалните избори ветуваше 3.000 нови паркинг места.

Денес, реалноста е дека нема ни стотина нови паркинг места за жителите на Аеродром.

„Нема проблем кој нема решение. Така ќе биде и со паркинг просторот. Аеродром ќе добие 3000 паркинг места и со тоа ќе воведеме ред во паркирањето!, ветуваше кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Четири години подоцна, решението го нема а проблемот со паркингот стана уште поголем.

Зачлени се на нашиот е-билтен