Александар Трајановски: „Аеродром – Општина каде што сакаме да живееме подобро“

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, д-р Александар Трајановски, во видео објава на Инстаграм ја претстави својата визија за развојот на општината.

„Аеродром го гледам како општина каде децата растат безгрижно и безбедно. Каде маалата се чисти, осветлени и полни со живот. Аеродром е симбол на спортот, културата и знаењето“, порача Трајановски.

Тој повика на заедничка соработка со граѓаните за создавање на општина која ќе биде дом за сите, каде што луѓето сакаат да останат и да живеат подобро.

Зачлени се на нашиот е-билтен