Според анализите на тимот на кандидатката за градоначачник за Скопје на СДСМ и коалицијата Каја Шукова, загадувањето на воздухот во Скопје е структурен проблем, чие решавање бара храбри политики, интерсекторска координација и долгорочна визија, но, пред сѐ, соработка на Град Скопје со општините, научниот, деловниот и граѓанскиот сектор.
Клучните области во кои е потребна итна интервенција се: Греењето во домаќинствата со дрва, јаглен и отпадни материјали, што придонесува за 50 % од загадувањето на воздухот и за енормни емисии на PM10 и PM2.5. Сообраќајот, кој е вториот најголем извор на загадување на воздухот во урбаната средина. Индустријата и управувањето со отпад. Енергетската ефикасност и урбанистичкото планирање.
Скопје е меѓу градовите во Европа со најзагаден воздух. Оваа здравствена и еколошка криза бара итни и решителни дејства и нивното решавање, споредф Шукова треба да се оствари во неколку плански рокови
На Краток рок, за една година е предвидено засилување на инспекцискиот капацитет за спроведување на постојната регулатива за загадување, вклучувајќи строга контрола врз индустриските постројки и забрана за неовластено горење отпадни материјали, како и засилени кампањи за информирање на граѓаните за правилна употреба и одржување на грејните тела.
Потоа треба да следува Воведување систем на смог-аларми и препораки за граѓаните, особено за чувствителните групи, за ризиците од аерозагадување и мерки за заштита.
Подобрување на координацијата со централната власт за зајакнување на мерките за намалување на загадувањето, наредната акција по што се планираат бесплатни филтри за оџаци на цврсто гориво, за 5.000 домаќинства (за 4 години, како и забрана за греење на дрва и јаглен во реоните каде што е достапно централно греење.
Модернизација и автоматизација на системите за чистење на улиците и јавните површини и управување со отпад, особено во зимски и суви услови.
На среден рок, во период до 3 години), предвиден е континуиран мониторинг на квалитетот на воздухот според европски стандарди, во реално време (индустрија, мали и средни компании, јавни објекти) и идентификување и елиминирање на главните извори на загадување преку целосна студија на изворите.
Задолжително поврзување на новоизградени станбени згради на системот за централно греење, а како посебна мерка се предвидува цубвенционирање на социјално ранливи категории за замена на нееколошките системи за затоплување со почисти алтернативи, како што се клима-уреди, уреди на пелети или приклучување на централно греење.
Шукова најавува дека ќе воведе предвидување на инфраструктурата за еколошки извори на енергија уште во фазата на урбанистичко планирање, како и урбанистичко планирање согласно со принципите на енергетска ефикасност и користење зелена енергија.
Во делот на превенцијата се планира воведување зона со ниски емисии во центарот на градот и ограничување на сообраќајот на тешки товарни возила во градското подрачје.
Во мерките кои се предивдуваат на долг рок до 3 години), како прва мерка е целосната транзиција кон одржливи системи за греење во јавните згради (соларни панели, геотермални пумпи, инвертори).
Потоа се планира развој на градска топлинска мрежа што користи обновливи или помалку загадувачки извори на енергија и создавање „зелени коридори“ низ градот за подобрување на циркулацијата на воздухот.