Ако се погледнат внимателно резултатите колку освои гласови владејчакта коалицјата, 300 + 90 + 40, тоа е 430.000 од излезени близу 900.000 гласачи. Значи тие што се против власта, а не се обединети, имаат повеќе гласови, оцени во дебатата на „360 степени“, поранешниот премиер Владо Бучковски.
„Умешноста во периодот кој претстои, пред се на СДСМ како стожерна опозициска партија како ќе пријде на другите опозициски партии, каков ќе биде односот кон независните листи. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ влегува со голема предност, но не и недостижна“, смета Бучковски.
Поранешниот премиер прогнозира дека за двеипол години, до парламентарните избори, ќе се изнивелираат гласовите на власта и на опозицијата.
„Според мене, доминантно е опозициското расположение во нашата држава. Граѓаните и на овие избори покажаа дека не се одушевенни од власта, но, од друга страна, бидејќи нема сериозан конкуренција, ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште има ваков скор“, смета Бучковски.
Бучковски е на мислење дека претседателот на СДСМ Венко Филипче треба да добие шанса да го истера до крај својот мандат.
„Како јас ги гледам работите во СДСМ, сметам дека Филипче успеа Филипче во исклучително тешки околности да го сопре понатамошниот пад на партијата. Тоа го сметам за негова заслува. Зошто не е подобар резултатот треба да се направи анализа“, истакна поранешниот премиер Владо Бучковски.