Д-р Трајановски: Аеродром – дом на шампиони и за грижа на спортистите

д-р Трајановски

Аеродром – дом на шампиони, а спортот отсекогаш бил важен дел од животот во нашата општина. Тој нè учи на дисциплина, фер-плеј и заедништво, порачува во својата кампања за градоначалник на Општина Аеродром д-р Александар Трајановски.

Во изјавата за медиумите тој уште посочува:

Голема гордост на Аеродром е нашиот МЗТ Скопје. Овој клуб е симбол на посветеност, успех и упорност, и претставува нешто повеќе од спорт, тој е дел од нашиот локален идентитет.

Како градоначалник, ќе направам МЗТ да има силна институционална поддршка од општината, за да продолжи да расте, да се развива и да ги радува генерациите што израснаа со љубов кон кошарката. Ќе ја вратиме младинската школа од каде што ќе излегуваат повторно новите млади таленти од Аеродром и МЗТ. И конечно да го вратиме МЗТ во Јадранската прва лига, таму каде што му е местото.

Истовремено ќе даваме значајна поддршка и кон ФК Аеродром и сите клубови на територија на општина Аеродром.

Ќе вложуваме во младите и во спортската инфраструктура.

Ќе изградиме нови игралишта, ќе ги обновиме постојните терени и ќе овозможиме подобри услови за училишниот и младинскиот спорт.

Сакаме секое дете во Аеродром да има можност да тренира, да се развива и да сонува за големи спортски успеси.

Зачлени се на нашиот е-билтен