ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1 и ЗНАМ во 1

ДИК

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 69,17% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга.

ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.

Коалицијата ВРЕДИ води во Тетово, Боговиње, Брвеница и Дебар, додека, кандидатите на СДСМ имаат водство во Македонска Каменица, Зрновце и Центар.

Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во Студеничани, а независниот каднидат Менди Ќура во Струга. 

Кандидатот на ЗНАМ води во Куманово, а на Унијата на Роми во Шуто Оризари.

Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен