ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум, НАИ во шест, а ДПТ во една

ДИК

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025.

Од досега обработени речиси 30 отсто  од гласовите и податоци од 1 191 избирачко места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 52 општини, Коалицијата ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум, Националната алијанса за интеграција во шест и Демократската партија на Турците во една општина. 

За другите општини и за Градот Скопје засега нема реазултати.

Зачлени се на нашиот е-билтен