Филипче: Допревме до голем број гласачи за предностите на нашата програма

Филипче

Мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјавата за медиумите на неговото гласачкото место.

„Многу е важно избраните градоначалници, советници да добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска.Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања“, оцени Филипче

Тој потенцираше дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат.

Зачлени се на нашиот е-билтен