Со ВМРО-ДПМНЕ на власт храната, минималната плата и чистиот воздух станаа луксуз, порача Филипче од граѓанската трибина во Радовиш.

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не разубедат дека во држава со 400 евра минимална плата и цените што дивеат, добро се живеело. Да, се живее, ама до 10-ти во месецот, потоа е период на преживување. Со ВМРО ДПМНЕ на власт, година и пол, храната стана луксуз, луксуз е минималната плата, луксуз е чистиот воздух и справувањето со отпадот, луксуз е правдата, луксуз е да се има достоинствен живот. Ама, не е луксуз рекордно задолжување, новиот долг од 1,8 милијарди евра за првите 13 месеци, без никаков реален и видлив ефект на развојот, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната граѓанска трибина под слоганот „Се бориме се нашиот дом“ што се одржа во Радовиш.
Додаде дека откако на власта не им успеале така наречените „кошнички“, кои се покажале дека биле само лажен пи-ар и откако не презеле ништо, Владата на ВМРО ДПМНЕ користела само спинови и манипулации.
– Реалните податоци кажуваат инфлација од 4 отсто, а власта со спин се обидува да каже минус 0,2 отсто, ама споредувано месец со месец. Вистината е дека реалната инфлација е 4 отсто, дека храната е поскапа 6,3 отсто, цените во рестораните и хотелите над 8 отсто. Колку сакаат нека прават спинови, граѓаните гледат и чувствуваат. Не им требаат бројки, знаат колку можеле да купат со истите пари пред една година, а колку може сега. Ќесата од маркет е се попразна и се полесна, се бира што да се купи. Премиерот треба да знае дека граѓаните не може да живеат од неговите спинови, туку од она што им останува во паричникот, потенцираше Филипче.
Тој ги повика радовишани на 19 октомври да излезат масовно на гласање и да го дадат својот глас за кандиатот за градоначалник на Радовиш од СДСМ и коалицијата, Ристо Спасов и за советничката лита од оваа коалиција.
Кандидатот за градоначалник Ристо Спасов најави дека во неговата програма се што е ветено, ќе биде реализирано со точни датуми бидејќи, како што рече, само со прецизни рокови може да се добие довербата на граѓаните.
Најави изградба на затворен базен до крајот на 2027 година, со ставање на приоритет за градење.
– До крајот на 2028 година трајно ќе го решиме отпадот во Радовиш со дислокација и иницирање на постапка за формирање на регионална депонија. За нашите најмлади ќе изградиме детска градинка во петта урбана заедница, бидејќи последната детска градинка е изграден пред 40 години. За град со среќни граѓани ќе градиме зелени површини, кои моментално ги има само на покачените сметки, никаде немаме ниту еден парк. На барање на граѓаните ќе изградиме вело патеки и ќе фдаваме вачери за купување на велосипеди, како и подобрување на инфраструктурата во населените места, рече Спасов.
На вечерашната граѓанска трибина беше претставена и советничката листа на СДСМ и коалицијата, која ја предводи Герасим Конзулов.