Ова не е време за апатија, ниту за дистанца, овие избори се време на одлука, порача претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче на големиот граѓански митинг во Струмица.

Во претставувањето на кандидатот за градоначалник на Струмица и на листата советници на СДСМ и коалицијата, Филипче рече дека Марјан Даскаловски, нашиот другар, вашиот сосед и пријател, како што го нарече ја доби обврската и привилегијата да ги продолжи најдобрите традиции на татковците на градот, кој како и секој татко се грижи за домот.
„Вие, струмичани, многу добро знаете кој е Марјан Даскаловски. Човек од теренот. Човек од градот. Човек од народот и човек за народот. Вие добро го знаете, теренец 4×4, незапирлив. Цел живот со и за струмичани и Струмица“, истакна Филипче.
Тој рече дека Марјан, заедно со советниците од нашите редови се обврзаа да го слушнат секој глас, секој предлог и секој проблем. Од секое населено место, од секоја улица, од секоја заедница, затоа што за нас секој е важен, без исклучок.
Филипче зборуваше и за визија на СДСМ за Струмица и за тоа таа визија да стане реалност.
„Струмица ја гледаме како општина со развиена економија, модерно земјоделство, силен туризам и стабилен систем на социјална заштита. Визијата е да создадеме локална средина каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за образование, работа и квалитетен живот“. нагласи претседателот на СДСМ.
„Овој тим за Струмица и СДСМ за Македонија ја преземаат одговорноста да ја однесеме државата и граѓаните кон јасна иднина со грижа и решенија за реалните проблеми. СДСМ не е партија која во криза се повлекува. СДСМ е партија којашто се соочува со проблемите“.
Затоа, потенцираше Филипче, СДСМ на овие избори нуди луѓе кои луѓе кои живеат чесно, работат чесно и сакаат чесно да ја водат својата општина. Луѓе со интегритет, кои го даваат својот збор пред граѓаните, а не пред партијата. Кои ќе служат на граѓаните, а не на СДСМ. Тоа е клучната разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ секогаш бил и ќе биде потпора и заштита. И темел и кров“.
„Ова не е време за апатија, ниту за дистанца. Овие избори се време на одлука: Да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении за која нашите предци стремеле со векови. Нема да гледаме како таа куќа некој сака да ја руши цигла по цигла, а ние да остануваме без дом, без иднина, без глас“, повика Венко Филипче..
Ова е БОРБА ЗА НАШИОТ ДОМ! БОРБА ЗА СТРУМИЦА! Затоа, ако верувате дека Македонија има шанса, дека Струница има уште подобра иднина, ако верувате дека мора да избереме луѓе кои се чесни, приземни, работливи, тогаш дајте ни ја поддршката. Нашите кандидати таа поддршка нема да ја изневерат“, нагласи Филипче во својот говор во Струмица.