Филипче: Победивме или водиме во повеќе од 10 општини

Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференција објави дека СДСМ победила во три општини – во Крива Паланка, Кривогаштани и во Богданци и дека води во девет други – меѓу кои Центар, Пробиштип, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Валандово, Лозово и Ранковци. 

За Град Скопје и изборот на градоначалник кој рече дека ќе ги почека резултатите за да биде прецизен. 

Генерално тој рече дека не е изненаден од резултатите, дека не се такви какви што посакувала партијата, но дека нивната порака е примена од повеќе граѓани, односно дека имале зголемен број на гласови во одредени општини. Уште повеќе тој рече дека имајќи ги во предвид околностите, не е лош резултатот што СДСМ го има на изборите, споменувајќи дека има неколку општини во кои не е јасен исходот и каде што влегуваме во втор круг во повеќе од 20 општини.  

Мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјавата за медиумите на неговото гласачкото место.

Зачлени се на нашиот е-билтен