Филипче: СДСМ се враќа, Битола е двигател на промената

СДСМ се враќа, се враќа со јасна визија, со длабока самосвест и со поголема одговорност, истакна лидерот на опозицијата Венко Филипче на вечерашниот предизборен митинг во Битола.

Промовирајќи го кандидатот за градоначалник и членови на Советот на Општина Битола, Филипче посочи дека битолчани никогаш не молчеле кога вредностите биле нападнати, Битола никогаш не била нем набљудувач туку двигател на промена.

-ВМРО ДПМНЕ не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира, оваа власт гази по солидарноста, човечноста, по демократијата, напредокот и правичноста. Битолчани никогаш не молчеле кога вредностите биле нападнати, Битола никогаш не била нем набљудувач туку двигател на промена, затоа од тука испраќам порака што ќе се слушне низ цела Македонија, СДСМ се враќа, се враќа со јасна визија, со длабока самосвест и со поголема одговорност. Се враќа со работа, со чесни ветувања и со луѓе што знаат што значи да се биде на страната на народот, луѓе што ќе служат, а не да владејат, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Пред членовите и симпатизерите на СДСМ и коалицијата, Филипче посочи дека најсилен адут на овие избори се луѓето.

– Битола е оставена на маргините. Како град кој е препознатлив по културата, по историјата, по урбаниот дух денеска се гуши во застој и запустеност поради неспособноста на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Проектите стојат, улиците пропаѓаат, а младите си заминуваат. Нема визија, нема стратегија, нема ниту основна одговорност. Доста беше. Време е за политика која носи резултати, а не изговори, време е за луѓе што се борат за другите, а не за себе. Затоа да се избориме за Битола што ќе расте и ќе се развива, да се избориме за Македонија што ќе оди напред, порача лидерот на опозицијата Венко Филипче и повика на масовно гласање за како што рече да ја вратиме Битола на патот на прогресот и Македонија во рацете на народот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен