Герасимовски на Инстаграм: „Утро без кафе? Нема шанси“ – најави победничка советничка листа за Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, на својот Инстаграм профил (@goran.gerasimovski) сподели видео порака во која најави нови идеи и заеднички активности за претстојните локални избори во 2025 година.

„Утро без кафе? Нема шанси. За нови идеи и победа, заедно со д-р Алек Савески ја креираме победничката советничка листа за Центар, на која тој ќе биде нејзин носител. Верувам во заеднички успех!“, напиша Герасимовски во видео објавата.

Во пораката, кандидатот потенцираше важноста на тимската работа и заедничкиот ангажман во креирањето на советничката листа, како клучен дел од неговата изборна кампања.

Зачлени се на нашиот е-билтен