Герасимовски: Независноста е аманет, да ја чуваме и развиваме Македонија

Герасимовски: Да ја чуваме и развиваме Македонија

Градоначалникот Горан Герасимовски упати честитка до сите граѓани по повод 34 години од прогласувањето на незавноста на Македонија.

На денешен ден, 8 Септември, со гордост се потсетуваме на историската одлука на нашиот народ, да зачекори на патот на слободата и самостојноста, да ја зацврсти својата државност и да ја испише најсветлата страница во современата историја на Македонија. Овој ден е потсетник дека независноста е вечен аманет од нашите предци, наше е да ја чуваме татковината, да ја развиваме државата и да ја предаваме посилна и поуспешна на идните генерации, се вели во честитката од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски што Рацин.мк ја објавува интегрално.

Во време на предизвици, потребни ни се сплотеност, солидарност и меѓусебно разбирање. Само така можеме да изградиме општество во кое ќе владеат доверба, еднаквост и почит, држава во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и сигурно.

Да продолжиме заеднички да го остваруваме сонот на генерациите пред нас – Македонија како современа, праведна и европска држава.

Нека ни е честит 8 Септември,
Денот на независноста!“ 

Зачлени се на нашиот е-билтен