Герасимовски вети бесплатни оброци за учениците и екскурзија низ Македонија

Герасимовски

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, денеска информираше дека од следната година сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен и здрав оброк, со што родителите ќе се ослободат од трошоците за исхрана во училиште кои моментално изнесуваат 2.500 денари месечно. 

Тој, рече дека Центар е општината која најмногу вложува во образованието, а сите осум училишта се целосно реновирани, со најдобри услови за настава и педагошки процес. 

„Во Буџетот за следната учебна година, предвидуваме бесплатни, здрави и одмерени оброци за сите 2197 ученици од прво до четврто одделение кои изнесуваат 2500 денари месечно по ученик“, изјави Герасимовски. 

Во своето видео обраќање, Герасимовски најави и дека за учениците од петто до деветто одделение се обезбедува бесплатна тематска екскурзија „Ја сакаме Македонија“ за да цената се запознаат со македонската традиција, култура, историја и природни убавини. 

Зачлени се на нашиот е-билтен