Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници

Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.

„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски. 

Зачлени се на нашиот е-билтен