„Со визија, со јасен план и со енергија, заеднички ќе продолжиме да градиме Делчево, град со кој сите се гордееме“, порача кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Дејан Глинџарски.
Глинџарски, ја најави својата програма која се темели на современа инфраструктура, подобар живот и подобри можности за младите:
„Дом за стари лица „Сигурна старост“, Централен плоштад, катна гаража, регулација на речното корито на Брегалница, изградба на скејт парк, нов театар, бесплатен летен одмор за полуматуранти и бесплатна екскурзија низ Европа за матурантите, финансиска поддршка за првачиња и средношколци, се само дел од програмата“.
Глинџарски најави и нови улици, водоводи и канализации во сите населби, спортски терени, ревитализација на земјоделски патишта, како и поддршка за туризмот.“ рече тој.
Ова не се само зборови, ова е програма, ова е план. План што мора да се оствари. Ајде за силно, модерно и убаво Делчево, порача Глинџарски.
Во обраќањето пред граѓаните, тој кажа дека ја продолжува работата и визијата на досегашниот градоначалник од СДСМ , Горан Трајковски.
„Со неговата работа се постави темелот, а јас ќе продолжам да градим врз тие темели. Трајкоски покажа дека кога се има визија, се добиваат резултати. Ќе ја продолжиме со уште поголема енергија,“ истакна Глинџарски.