Ѓоргиевски најави приоритетни сообраќајни и културни проекти за Скопје

Ѓоргиевски најави приоритетни сообраќајни и културни проекти

Ѓоргиевски најави приоритетни сообраќајни и културни проекти, откако кандидатот за градоначалник на град Скопје изврши увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од неговиот мандат.

Меѓу проектите што ги најави се:

  • Довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток;
  • Изградба на кружен тек на улица „Бутелска“;
  • Нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел;
  • Летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот;
  • Изградба на првата фаза на булевар „Хрватска“.

„Со силно темпо и динамика, како никогаш досега, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија. Решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив. Ќе изградиме нови парковски содржини и зеленило за чист и убав град, а културата ќе ја подигнеме на едно високо ниво, онака како што доликува на една европска метропола,“ истакна Ѓоргиевски.

Тој додаде дека следуваат уште многу други проекти кои ќе бидат промовирани и ќе бидат насочени кон доброто на сите граѓани.

„Ќе понудиме решенија за Скопје кое ќе функционира, а не празна реторика. Скопје наскоро добива нов лик, град каков што скопјани навистина заслужуваат,“ порача Ѓоргиевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен