Екипата на порталот Раци.мк пристигна во Кочани во пресрет на вториот круг на локалните избори во овој град. Двајца кандидати останаа, како што е предвидено со законот, господинот Венко Крстевски и господинот Владко Грозданов.
Венко Крстевски, како независен кандидат и актуелен градоначалник на Кочани, а господинот Грозданов како кандидат на ДПМНЕ. Во преписката што ја имавме со двајцата кандидати им ветивме дека ќе добијат подеднакво време за искажувања на прашањата што им ги подготвивме и што им ги испративме предвреме за да се подготват и дека ќе добијат по шеесет секунди, односно по една минута одговор за секое од прашањата.
Господинот Венко Крстевски веднаш ја прифати нашата понуда и со него разговаравме овде во Кочани. За жал, господинот Грозданов во последен момент ја одби понудата на Рацин.мк, иако претходно се договаравме дека ќе го направиме тоа интервју под еднакви услови заедно со господинот Венко Крстевски и дека ќе имаат еднакви шанси да се искажат за својата програма пред вториот круг на изборите во Кочани.
Грозданов не одби, тоа е негов избор. Остана интервјуто со господинот Венко Крстевски и ви го пренесуваме во целост.
Господине Крстевски, Ви благодарам што ја прифативте поканата на порталот Рацин.мк да учествувате во ова интервју во пресрет на вториот круг на изборите, локалните избори овде во Кочани.
Да почнеме со првото прашање. Зошто се кандидирате за градоначалник на Кочани? Свесни ли сте колкава е одговорноста што ја преземате доколку успеете на изборите?
Најпрвин сакам да потенцирам дека јас сум актуелен градоначалник на Кочани и свесен сум за сите предизвици коишто ги има општината.
А како станав градоначалник? Тоа е после трагедијата на 16-ти март, еден месец немаше никој храброст да се нафати во таа тешка позиција да ја води општината. Јас имав храброст во најтешките времиња и денови за Кочани и се нафатив да ја преземам таа улога и водам бескомпромисна борба против системот којшто ја донесе трагедијата. Сè со цел за да го смениме системот, се кандидирав повторно со тим со повик до сите луѓе во градот, бидејќи тоа што се случи на 16-ти март треба да биде лекција за сите и таа лекција треба да биде научена.
На тоа се однесува и второто прашање. Што ќе направите за да не се повтори некоја ваква слична трагедија, не дај Боже?
Промената на системот е клучно. Промена значи и департизација, односно во овој момент девмровизација.
Институциите се составени од партијски кадри коишто вместо да служат за потребите на народот, тие служат за потребите на партијата. Затоа имаме нефункционални институции. Затоа се случуваат трагедии, а гледаме дека во партиите кој да доаѓа, имињата се различни, меѓу тоа навиките се исти.
Тие сакаат во кундурите на Љупчо Папазов, предходниот градоначалник, да стават некој друг и повторно со нивните познати шеми да управуваат со градот, со институциите и да создадат систем којшто е неподнослив за младите и систем којшто создава трагедии.
Се борам против систем којшто е неподнослив за младите и којшто создава трагедии.

Дали се согласувате со барањата кои секоја сабота низ марширање ги изнесуваат родителите и роднините на жртвите на загинатите?
Јас се согласувам со барањата за правда. По 16-ти март ништо не може да ги врати жртвите во Кочани.
Тие се жртви на системот. Правда ќе има доколку го смениме системот и има одговорност за вистинските кривци.
Да продолжиме во оваа насока, ги знаете ли кои се конкретните барања на родителите и на роднините?
Зборам за посуштинските барања. Тие се должат во делот со судењето. Со истрагата гледаме дека многу споро оди тој процес.
Тие сакаат побрз и ефикасен процес, сè со цел да ги видиме сите виновници во овој процес, бидејќи знаеме дека не е виновен само тој што ја запалил пиротехниката, само сопственикот на објектот, не се виновни неколку институции заради непостапување.
Овде има поголема структура на виновници и се надевам дека барањето за брз и ефикасен процес ќе биде испочитувано.
Но, сепак што ќе направите за да се одржи споменот на жртвите како поука за да не се случува нешто такво понатаму?
Најпрвин, по завршување на овие избори ќе направиме експропријација на земјиштето каде што се случи тој трагичен настан и таму ќе направиме споменик.
Паралелно родителите обезбедија донација споменик и истиот ќе биде поставен на Пониква. Исто така се разговара и за идејно решение на други локации, меѓу тоа кажав суштината е промена на системот, бидејќи не се ни потребни и други споменици во иднина.
Суштината е да се промени системот, за да не ни бидат потребни споменици во иднина

Како ќе ги решите горливите проблеми? Сега преминуваме на она што значи конкретна локална инфраструктура и други прашања во Кочани и во другите населени места, како што е сообраќајниот хаос, урбаното самоволие, канализацијата и така натаму.
Бо претходните неколку месеци покажав дека кога се сака сѐ се може. Општината од долгови од четириесет и три милиони денари моментално има на сметката околу триесет милиони денари. Финансиски е стабилизирана. Потпишав договори во висина од над петсто милиони денари, капитални инвестиции коишто се реализираат тековно и ќе се реализираат во следната година.
Целта ни е да направиме општина без кал за да имаме хумано живеење за сите. Во делот за сообраќајот сакаме да развивиме нови населби, сѐ со цел да го растеретиме сообраќајот во централното градско подрачје. Со тоа што ќе ги насочиме луѓето да гравитираат и кон други населби, не само кон центарот, а имаме и маркица каде што ќе биде направена катна гаража.
Исто така улицата Кеј на Револуцијата и Маршал Тито ќе имаат промена на сообраќајниот режим, каде што ќе се створат нови паркинг места, меѓу тоа ќе добиеме пофункционално циркулирање на возилата.
Дали се тоа практично ова што го кажавте приоритетите со кои ќе тргнете доколку го освоите градоначалникот?
Приоритети ни се во првата година да направиме општина без кал, департизација на сите институции коишто се во надлежност на општината, односно да ги санкционираме партиските директори за лошото работење, бидејќи имаме сериозни индиции за незаконито работење, исто така и за некои други работи, каде што јас веќе пуштив и кривични пријави до обвинителството, за да ги процесира тие кривични пријави во делот за дивоградби.
Приоритет ќе ни биде пуштање на детската градинка „Детелинка“ која беше гласана против пуштање од страна на советницата на ВМРО ДПМНЕ. Кога ќе обезбедиме функционален совет, , првиот месец се надевам дека ќе ја пуштиме истата.
Исто така, еден од приоритетите ќе биде да ги анимираме сите Кочанчани да се вклучат во обновување на градот, пред сѐ во подобрување на хигиената на живеење, пред сѐ во контролирање на сите процеси, затоа што со јавен и транспарентен начин на функционирање општината ќе ја дадеме во функција на граѓаните, а не да биде во функција на партиите, како што е било досега.
Предводам граѓански фронт против системот создаден од партиите, пред сѐ од ВМРО ДПМНЕ
Еден од проблемите кои подолго време опстојува во Кочани тоа е старата касарна. Како ќе го решите тој проблем?
Тој проблем ќе го решиме на начин така што таа касарна ќе ја срушиме и на местото на касарната ќе направиме парк. Веќе е предвидена локација за типски куќи за кои имаме и финансии на нашата буџетска сметка.
Со тие финансии ние ќе ги обезбедиме истите, а на потегот кај што е касарната ќе направиме парк иако провејуваше размислувањето дека треба да се направи како некој музеј. Меѓу тоа таа зграда е во многу очи на состојба ки верувајте дека е подобро да се сруши и да се направи парк на тој потег.
Зошто еден млад човек би останал во Кочани? Што ќе му понудите да остане?
Борба за промена на системот. Во секоја држава кога би се иселил некој млад човек, некој предходно има дадено придонес за таа состојба.
Ние мора самите како генерација да дадеме придонес за да си го направиме Кочани поубаво и похумано место за живеење. Бидејќи од нас зависи. Секој оној којшто ќе даде придонес во обновување на Кочани, ќе покаже локал патриотизам и со тој придонес ќе даде јасен сигнал дека сака да живее и да твори во Кочани.
Бидејќи сите ние мораме да си помогнеме. Не можеме да чекаме дека ќе дојде некој друг од друго место да ни помогне да живееме поубаво и похумано.

Зошто баш вам треба да ви веруваат Кочанчани?
Затоа што јас сум за промена на системот. Сега изборот е за промена на системот или за системот. Системот не труе со загадување на воздухот. Системот создава корупција. Јас јасно и недвосмислено отворам фронт борба за промена на системот.
Затоа граѓаните треба да ми дадат поддршка и да се приклучат на оваа борба, бидејќи ова е граѓански фронт во борба против системот, а системот е создаден од партиите, пред сѐ од ВМРО ДПМНЕ којашто раководела во три мандата од последните четири мандата со оваа општина и таа е таа шо, којашто создала нефункционален систем и трагедии коишто ни се случуваат.
Како ќе ги обедините или, како ќе ги повикате советниците во советот на општината да се обединат околу овие ваши идеи?
Со тоа што ќе го приближиме и советот и општината на граѓаните, тие ќе чувствуваат притисок од граѓаните. Нема да смеат да гласаат одлуки по директива на партијата како што ви кажав. Гласаат одлуки против отварање на детска градинка, гласаат против општинска соработка, да дојдат швинтерски служби да заловуваат улични кучиња во Кочани, гласаат против меѓуопштинска соработка за инспекторски служби да дојдат бесплатно за контрола на градот во делот со дивоградби. Тоа нема да биде во иднина, затоа што ќе имаат поголем притисок од народот, бидејќи сѐ ќе биде јавно и транспарентно и институциите ќе бидат доближени до народот. Силата е во народот. Народот ќе е тој што ќе менаџира со тие процеси.


