Крстевски: Во Кочани отворив граѓански фронт против системот што создаде трагедии

Крстевски

„Јас јасно и недвосмислено отворам фронт борба за промена на системот. За тоа граѓаните треба да ми дадат поддршка и да се приклучат на оваа борба, бидејќи ова е граѓански фронт во борба против системот, а системот е создаден од партиите, пред сѐ од ВМРО ДПМНЕ којашто раководела во три мандата од последните четири мандата со оваа општина и таа е таа шо, којашто создала нефункционален систем и трагедии коишто ни се случуваат„, потенцира во интервју за Рацин.мк Венко Крстевски, независен кандидат за градоначалник на Кочани, кому против канидат во вториот круг му Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На прашањето зошто еден млад човек би останал во Кочани и што му понуди Крстевски, тој одговара: Борба за промена на системот.

„Ние мора самите како генерација да дадеме придонес за да си го направиме Кочани поубаво и похумано место за живеење. Бидејќи од нас зависи. Секој оној којшто ќе даде придонес во обновување на Кочани, ќе покаже локал патриотизам и со тој придонес ќе даде јасен сигнал дека сака да живее и да твори во Кочани“, нагласува Венко Крстевски.

Тој вели дека граѓаните на Кочани мора сами да си помогнат. „Не можеме да чекаме дека ќе дојде некој друг од друго место да ни помогне да живееме поубаво и похумано“, смета Крстевски.

На прашањето зошто баш нему треба да му веруваат Кочанчани, Крстевски вели затоа што тој е за промена на системот. „Сега изборот е за промена на системот или за системот. Системот ни донесе трагедии не само во Кочани и во Тетово и во Скопје. Системот не труе со загадување на воздухот. Системот создава корупција. Јас јасно и недвосмислено отворам фронт борба за промена на системот. За тоа граѓаните треба да ми дадат поддршка и да се приклучат на оваа борба, бидејќи ова е граѓански фронт во борба против системот, а системот е создаден од партиите, пред сѐ од ВМРО ДПМНЕ којашто раководела во три мандата од последните четири мандата со оваа општина и таа е таа шо, којашто создала нефункционален систем и трагедии коишто ни се случуваат“, истакнува во интервјуто за Раци.мк Венко Крстевски, независен кандидат за градоначалник во Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен