Левица: Имаме водство во Карпош и Центар, изборниот ден помина мирно

Портпаролот на Левица, Круме Богевски, на вечерната прес-конференција изјави дека партијата е задоволна од текот на изборниот ден и од излезеноста на гласачите, со исклучок на Сарај и Чаир, каде што, според нивните информации, имало обиди за поткуп со цел да се намали излезноста.

„Изборниот ден генерално помина мирно и без поголеми инциденти, иако имавме пријави за нефункционалност на дел од уредите за електронска идентификација,“ рече Богевски.

Тој истакна дека изборната трка во Скопје е многу неизвесна, но според податоците од теренот, во Карпош и Центар нивниот кандидат Амар Мециновиќ има предност. „И во Кисела Вода на некои места имаме водство,“ додаде портпаролот.

Богевски нагласи дека Левица останува внимателна до објавувањето на официјалните резултати, но дека засега се задоволни од поддршката и трендот на раст на довербата во нивниот кандидат.

Зачлени се на нашиот е-билтен