Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, оствари средба со жителите на населбата Ферид Бајрам, при што најави повеќе инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење и поголема безбедност на граѓаните.
Меѓу најавените активности се уредувањето на просторот кај Тедико, кој ќе добие зеленило и фонтана – ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Бутел.
Планирана е и изградба на атмосферска канализација на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, зад автобуската Чаирче, како и реконструкција на уличното осветлување во населбата, со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобри урбаното уредување.
Посебен акцент ќе се стави на обновата на трите парка во овој дел од општината:
- Паркот на ул. „Мара Междуречка“
- Паркот на ул. „Никола Петров“
- Паркот спроти ООУ „Петар Здравковски Пенко“
„Секој парк ќе биде безбеден, уреден и пријателски – за децата, за родителите, за сите што живеат тука. Ова не се само ветувања, туку конкретни планови што ќе ги реализираме заедно со граѓаните“, изјави Ливриниќ.