Актуелниот градоначалник на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, вечерва ја прогласи својата победа во вториот круг од локалните избори.
Димитриевски соопшти дека веќе добил честитка од својот противкандидат, Горан Стојковски, и им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба.
Според првичните резултати од 93% обработени избирачки места, Димитриевски има предност од околу 1.400 гласови, со освоени 15.772 гласа.
Во своето обраќање, тој упати благодарност до сите што ја поддржале неговата кандидатура, вклучувајќи ги и партнерите од коалицијата, особено од ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со пониската излезност, Димитриевски изјави дека ја разбира пораката од граѓаните и дека ќе продолжи да работи посветено за Куманово.
„Оваа победа е за сите кумановци кои веруваат дека градот може да оди напред. Сега следува време за работа, посветеност и резултати,“ порача Димитриевски.

