Според најновите податоци од избирачките места во Куманово, кандидатот на движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“, Максим Димитриевски, моментално е во водство со 49,41% од гласовите, односно 7.771 глас, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски – Диро од Група избирачи Горан Стојковски – Диро има 46,60%, односно 7.329 гласови.
До моментот на објавата се обработени 100 од вкупно 167 избирачки места, што претставува повеќе од половина од гласачкото тело.
Излезноста во Куманово е висока – над 52 илјади гласачи од вкупно 94 илјади запишани во избирачкиот список, што укажува на голема заинтересираност на граѓаните за изборниот процес.
Трката меѓу двајцата кандидати останува неизвесна, со мала разлика во бројот на освоени гласови. Следните резултати ќе покажат дали Димитриевски ќе го задржи водството или Стојковски ќе направи пресврт до крајот на пребројувањето.

