Мециновиќ до Ѓорѓиевски: Зборувате за дивоградби, а позирате со „кралот на дивоградбите“

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во телевизискиот дуел на „Канал 5“ му упати остри критики на својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за недоследност и двојни стандарди во однос на урбанизмот и нелегалната градба.

„Вие зборувате за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите – Изет Меџити,“ му порача Мециновиќ.

Тој ја критикуваше и, како што рече, селективната визија на власта, додавајќи дека градските приоритети се поставени наопаку.

„Вашиот премиер изјави дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите. Велите дека не е ваша надлежност да чистите ѓубре, ама е ваша надлежност да го отворате Скопскиот маратон?!“ рече Мециновиќ, алудирајќи на тоа дека власта избегнува суштински урбанистички проблеми, а се занимава со политички маркетинг.

Дуелот меѓу двајцата кандидати се одвиваше во остар тон, со размена на обвинувања за урбанизам, транспарентност и одговорност во управувањето со градот.

Зачлени се на нашиот е-билтен