Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со трговците на Бит Пазар, се наведува во соопштението од неговиот изборен штаб.
Во разговорот со нив, Меџити истакна дека Општина Чаир, иако нема индустриска зона и големи компании, се издвојува со голем број на мали и средни бизниси, со Старата Чаршија и со Бит Пазар, кои претставуваат економски и културен столб на нашата општина.
Тој нагласи дека Бит Пазар одиграл и продолжува да игра значајна улога во економската благосостојба на семејствата од Чаир и пошироко. Исто така, Старата чаршија, заедно со Скопското Кале и Бит Пазар, треба да функционираат како комплетна туристичка понуда за домашните и странските посетители.
Меџити се обврза дека трговците ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и дека ќе имаат институционална поддршка за развој на нивната дејност.
„Роден и израснат во Чаир, чувствувам дека Бит Пазар е вредност и гордост за секој скопјанец. Затоа, мојата заложба е и институционално да помогнеме и да го развиеме овој историски, економски и културен
капитал,“ нагласи Меџити.
Вреди