„Демократијата не може да постои без жени, бидејќи нивното исклучување од политиката значи нејзино уништување од самиот почеток“, напиша на социјалните мрежи кандидатот за градоначалник на општина Чаир Изет Меџити, по повод неговата средба со жените од оваа локална самоуправа.
„Веруваме во Чаир, каде што ниедно девојче не е принудено да сонува помалку само затоа што е девојче. Чаир е место каде што секое девојче и жена има место на масата за донесување одлуки, каде што секое момче и маж е гордо што ја поддржува еднаквоста и каде што младите се силата што ја инспирира целата земја“, порачува Меџити.
Тој ги повикува граѓаните заедно да го направат Чаир најсилен пример дека еднаквоста е право и дека тоа право мора да стане реалност.
„Во Владата и во Собранието, бевме сведоци на ова. Сега е време да го направиме тоа во општината“, напиша на социјалните мрежи Меџити.