Меџити си прави кампања со проекти на владата

Изградбата на новата водоводна мрежа на улицата 210 во населбата Чаир Гази Баба претставува важен чекор кон подобрување на секојдневниот живот на жителите. Овој проект, кој беше безвременско барање на локалната заедница, станува реалност благодарение на инвестицијата обезбедена од Владата во рамките на вториот повик.

Ова го напиша на социјалните мрежи кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, во слободно време вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџири, за да извести за неговите теренски активности во оваа општина.

„Проектот има за цел да ја ревитализира подземната инфраструктура во оваа област. По завршувањето на работите на водоводната мрежа на Патот 210 и нејзините три крака, ќе следи целосно асфалтирање на пристапните патишта, со што ќе се обезбеди почиста, побезбедна и пофункционална средина за жителите“, уште напиша Меџити.

Во истатат објава тој уште еднаш се повика на Владата за која истакна дека „останува посветена на поддршка на општините со конкретни проекти кои директно влијаат на квалитетот на животот на нашите граѓани“.

Зачлени се на нашиот е-билтен