Мирен почеток на гласањето во вториот круг во Струга

Во општина Струга утрово без никакви проблеми започна вториот круг од локалните избори. Според информациите од Општинската изборна комисија, сите 101 избирачко место биле отворени навреме, во 7 часот, а гласањето се одвива мирно и во најдобар ред.

Претседателот на Комисијата, Минир Жута, потврди дека процесот тече нормално и без забелешки.

Во општина Струга и струшкиот регион во единствениот избирачки список се впишани 62.711 гласачи, од кои 422 болни и изнемоштени лица, како и тројца затвореници, имаат можност да гласаат во домашни услови или во установите каде се наоѓаат.

Во денешниот втор круг за градоначалничката функција се натпреваруваат двајца кандидати, кои освоија најмногу гласови во првиот круг одржан пред две недели.

Гласањето во Струга засега се одвива во спокојна атмосфера, без пријавени неправилности.

Зачлени се на нашиот е-билтен