МВР: 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно приведување

До отворање на избирачките места утрово во 07:00 часот, Министерството за внатрешни работи евидентирало десет пријави за нарушување на изборниот молк. Пријавите се распределени по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две во СВР Штип и по една во СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки, не се потврдени шест од настаните, соопштија од МВР.

Покрај тоа, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на молкот — повици за гласање за одредени кандидати, како и видеа и фотографии од партиски активности во партиски штабови. Во врска со гласањето вчера (1 ноември), пријавен е инцидент во ОУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, каде едно лице било приведено поради фотографирање кочан со гласачките ливчиња; се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од МВР додаваат дека гласањето за болни и изнемоштени лица и затвореници поминало без нарушувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен