МВР со дронови ќе го следи изборниот процес и во вториот круг

И во вториот круг од локалните избори, Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе ја обезбедува безбедноста на избирачките места со мобилни полициски тимови и дронови, информираат од институцијата.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека обврската на полицијата е да обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што ќе бидат преземени сите неопходни мерки за граѓаните слободно и без притисоци да го остварат своето право на глас.

„Нема да има толеранција за никакво незаконско дејствување. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде санкциониран со брза, професионална и одлучна полициска реакција“, нагласи Јанев.

Како и во првиот круг, полицајците ќе бидат распоредени во близина на избирачките места и на потенцијално ризични локации, а безбедносните активности ќе бидат засилени со модерни технички средства, меѓу кои и воздушно набљудување со дронови.

Од МВР додаваат дека активностите се насочени кон спречување на евентуални инциденти и обезбедување на целосно спокоен изборен ден за сите учесници во изборниот процес.

Зачлени се на нашиот е-билтен